Зеленски не спроведува ,,екстремистички режим на етничко чистење и геноцид”
Украина е република со претседателско-парламентарен систем на владеење, што е дефинирано со Уставот од 1996 година. Непосредно пред Русија да ја нападне Украина во февруари 2022 година, Москва лажно ја обвинуваше Украина за геноцид на граѓаните што зборуваат руски јазик во регионот Донбас. Путин го користеше овој наратив за да ја оправда инвазијата врз Украина, но нема докази за да се поткрепат ваквите обвинувања. Меѓутоа, постојат кредибилни тврдења и извештаи дека бунтовничките сили поддржани од Русија во источна Украина, произволно приведувале цивили и ги изложувале на тортура, понижувачко постапување и принудна работа. Од друга страна, борбата на Израел е насочена против Хамас, а западните држави апелираат да се заштитат цивилите и не поддржуваат етничко чистење и геноцид против Палестинците
Украина е република со претседателско-парламентарен систем на владеење, што е дефинирано со Уставот од 1996 година. Непосредно пред Русија да ја нападне Украина во февруари 2022 година, Москва лажно ја обвинуваше Украина за геноцид на граѓаните што зборуваат руски јазик во регионот Донбас. Путин го користеше овој наратив за да ја оправда инвазијата врз Украина, но нема докази за да се поткрепат ваквите обвинувања. Меѓутоа, постојат кредибилни тврдења и извештаи дека бунтовничките сили поддржани од Русија во источна Украина, произволно приведувале цивили и ги изложувале на тортура, понижувачко постапување и принудна работа. Од друга страна, борбата на Израел е насочена против Хамас, а западните држави апелираат да се заштитат цивилите и не поддржуваат етничко чистење и геноцид против Палестинците
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Поддржувачите на екстремниот украински режим, кој со години го тероризираше народот на Донбас, сега го осудуваат дивеењето на Израел против Палестинците. Знаете што, останете доследни на себе и на своите вредности, поддржете го Израел и заговарајте етничко чистење и геноцид. Тоа е режимот на Зеленски.
Во објавата се наведува дека Украина има екстремистички режим, што не е вистина. Украина е република со претседателско-парламентарен систем на владеење. Уставот предвидува претседател избран на непосредни избори, премиер назначен од страна на претседателот и потврден од парламентот, односно Врховна Рада.
Украина, до 1991 година како дел од Советскиот Сојуз – Украинска советска социјалистичка република, до 1991 година, имаше еднопартиски политичкиот систем, а единствена партија дозволена во тогашниот Устав беше Комунистичката партија на Украина. Во 1996 година беше донесен актуелниот демократски Устав, со кој се востанови нов плуралистички политички систем со заштита на основните човекови права и слободи и полупретседателски облик на владеење.
Во периодот од 2014 до 2022 година, Украина се бореше против сепаратистите поддржани од Русија во реонот на Донбас. Непосредно пред Русија да ја нападне Украина во февруари 2022 година, Москва лажно ја обвинуваше Украина за геноцид на граѓаните што зборуваат руски јазик во регионот Донбас. Путин го користеше овој наратив за геноцид, за да ја оправда инвазијата врз Украина. Меѓутоа, нема докази за да се поткрепат обвинувањата за геноцид и ова тврдење е отфрлено.
Но, постојат кредибилни тврдења и извештаи дека бунтовничките сили поддржани од Русија во источна Украина, произволно приведувале цивили и ги изложувале на тортура, понижувачко постапување и принудна работа. Тие ги приведувале цивилите за да ги користат како заложници. Почнувајќи од април 2014 година, вооружените борци кои ја поддржуваа самопрогласената Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск, заробија стотици цивили критички настроени, вклучително и новинар, проукраински политички активисти, верски активисти.
Проруските бунтовници редовно вршат ужасни злосторства. Постојат цврсти основи да бидеме сериозно загрижени за безбедноста и благосостојбата на секого кого го држат бунтовничките сили во источна Украина, изјави Хју Вилијамсон, директор за Европа и Централна Азија за Хјуман Рајтс Воч.
Нивните истражувачи во источна Украина документирале 20 случаи во кои бунтовничките борци заробиле цивили и интервјуирале 12 лица кои рекле дека нивните киднапери ги тепале, клоцале, боделе, ги гореле со цигари. Најмалку шестмина биле користени како заложници за размена со заробените бунтовници од страна на украинските власти.
Поранешните затвореници за Хјуман рајтс воч изјавија дека бунтовниците ги држеле во различни бази во Доњецк, Славјанск и Макиевка.
Од избувнувањето на војната, милиони луѓе ги напуштија сепаратистичките подрачја – мнозинството побегна во Украина, а стотици илјади во Русија. Во двата региона од самиот почеток е спроведена брза русификација. Таа почна со руски учебници за училиште и со воведувањето на руската национална валута.
Во 2019 година, Русија започна да издава руски пасоши на населението во тој регион. Според последните информации, 800.000 источни Украинци наводно имаат руско државјанство. Желбата да се заштитат овие „Руси“ е клучен аргумент за признавањето на сепаратистичките области.
Според меѓународното право, двете области Доњецк и Луганск се дел од Украина. Точно е дека Русија ја критикуваше украинската влада за дискриминација на луѓето кои зборуваат руски, но Киев го негира тоа. Фактите се дека употребата на украинскиот јазик како единствен официјален јазик во Украина значително се зголеми во писмената комуникација и во медиумите.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар