Албион Џемаили

Aлбион Џемаили, градоначалник на Општина Боговиње

 

ОБРАЗОВНАИЕ

Албион Џемаили, е роден на 16.11.1971 во Боговиње, каде што  завршил основно училиште. Средно  медицинско училиште  завршил во Тетово, а дипломирал на Фармацевтскиот факултет на Универзитетот во Тирана.

Албион Џемаили е автор на бројни научни трудови и преводи.  Во моментот ги следи постдипломските студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – Фармацевтски факултет, насока Медицински менаџмент со Фармако-економија.

 

КАРИЕРА

Кариерата ја започнува како фармацевт во неговото родно место.

Подоцна, во 2006 година  се вработува во Министерството за здравство во Скопје. Од 2006 година е советник и дел од Инспекторатот во фармацевтскиот оддел, Скопје.

Од 2006 до 2008 година бил  претседател на Извршниот одбор на Фондот за зравство.

Од 2015 година е активен член на Фармацевтската комора.

 

ИЗВОР:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција