Билен Саљији
Билен Саљији заменик генерален директор и за член на Управен одбор на МЕПСО од 2018 година
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Роден на 23 јуни 1975 година во Добри Дол, општина Врапчиште, гостиварско. Според официјалните податоци, тој има семејство – сопруга и три деца. Средно образование завршил во Гостивар, а Правен факултет на Државниот универзитет во Тетово. Има положено Правосуден и Нотарски испит.
КАРИЕРА
Саљији во последните десетина година работел на функции во општина Врапчиште и во државен инспекторат, дел од министерство во Владата на Никола Груевски.
-Од 2005-2009 г. бил советник за односи со јавноста – општина Врапчиште;
– Од 2009-2011 г. бил директор на Јавното комунално претпријатие Врапчиште;
– Од 2011-2017 г. ја извршувал функцијата директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство
ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
-Министер кој ќе го раководи Министерството за правда во Владата на РМ, предводена од премиерот Зоран Заев од 01.06.2017
ИЗВОРИ:
– Собрание на РМ – Предлог за состав на Влада на РМ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар