Изградени се спортските игралишта во Пинтија и с.Драчево

Повеќенаменското игралиште во Пинтија Фото: Веб-страница на Општина Кисела Вода

Изградба на две повеќенаменски спортски игралишта

Изградба на две повеќенаменски спортски игралишта, во дворот на ОУ „Св. Климент Охридски“ во селото Драчево со рок за реализација во ноември 2013 и во населбата Пинтија во подрачното ОУ „Рајко Жинзифов“. (Рок за реализација: ноември 2014.)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот: Изградба на две повеќенаменски спортски игралишта, (во с. Драчево и во Пинтија) е исполнето ветување на градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец  Алексиќ.  Двете   игралишта   Беличанец – Алексиќ   ги  вети  во  Изборната програма (2013-2017) Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Кисела Вода!“ (Спорт и млади, стр. 27), со која таа излезе на локалните избори во 2013 година.

Повеќенаменското спортско игралиште во основното училиште „Св. Климент Охридски“ во с. Драчево  беше пуштено во употреба во јули 2014 година. Медиумите информираа дека на свеченоста присуствувале тогашниот премиер Никола Груевски, градоначалничката на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ, директорот на Агенцијата за млади и спорт Маријан Спасески и голем број граѓани. Градоначалничката на Кисела Вода Беличанец Алексиќ, во изјавата дадена по тој повод изрази надеж дека  повеќенаменското игралиште ќе придонесе за правилен развој на најмладите и ќе помогне да се трасира успешната иднина на некој иден спортист.

Во периодот на градба на ова повеќенаменско игралиште, и Општина Кисела Вода се вклучи со сопствена инвестиција во целосната реконструкција во поставувањето нов кров на училишната спортска сала кој беше во исклучително незавидна состојба, со цел да се овозможи непречено одвивање на наставата и развојот на училишниот спорт. (Беличанец  Алексиќ)

 

Од свеченоста по повод пуштањето во употреба на игралиштето во с.Драчево Фото: Веб-страница на Општина Кисела Вода
Од свеченоста по повод пуштањето во употреба на игралиштето во с.Драчево
Фото: Веб-страница на Општина Кисела Вода

 

Во мај 2017 година беше отворено новото повеќенаменско игралиште  во населбата Пинтија. Според информацијата пренесена во медиумите игралиштето се протега на површина од 1100 квадратни метри и е опремено со спортски реквизити и опрема за ракомет, фудбал и кошарка. Осветлено е со рефлектори така што може да се користи и во вечерните часови.

Повеќенаменското игралиште во Пинтија, е уште еден заеднички чекор на оваа локална самоуправа и Агенцијата за млади и спорт во насока на развојот на спортот и спортскиот дух кај младите лица. Од досегашната добра соработка произлегоа две спортски сали, единечен тениски терен во населбата Драчево, како и пет повеќенаменски игралишта во населбата Драчево, во селото Драчево, во Припор и Црчиче, како и последново, во населбата Пинтија ,  наведуваат од Општина Кисела Вода.

Информации за тоа дека се изградени повеќенаменски игралишта во с.Драчево и во Пинтија,  може да се прочитаат и на веб-страницата на Општина Кисела Вода.

Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека изборното ветување на  Беличанец – Алексиќ  за Изградба на две повеќенаменски спортски игралишта во с.Драчево и во Пинтијае исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска