Објавата дезинформира дека сопругот на Викторија Нуланд и Лазар Каганович се роднини

Фото: state.gov

Не постојат докази дека десната рака на Сталин, Лазар Каганович бил роднина на сопругот на Викторија Нуланд, Роберт Каган. Роднините на Кагановиќ го демантираат тоа и тврдат дека истакнува дека Лазар Каганович нема никакви роднини во САД. Демонстрациите кои почнаа во Киев во ноември 2013 година беа резултат на фрустрацијата на граѓаните на Украина, поради одлуката на поранешниот претседател Виктор Јанукович во последен момент, после 7 години преговарања да не го потпише договорот за асоцијација меѓу Украина и ЕУ. И, наспроти  дезинформација дека Зеленски бил кукла марионета инсталирана со помош на ЦИА во Киев, украинскиот претседател е избран на слободни и демократски избори

Не постојат докази дека десната рака на Сталин, Лазар Каганович бил роднина на сопругот на Нуланд, Роберт Каган. Роднините на Кагановиќ го демантираат тоа и тврдат дека истакнува дека Лазар Каганович нема никакви роднини во САД. Демонстрациите кои почнаа во Киев во ноември 2013 година беа резултат на фрустрацијата на граѓаните на Украина, поради одлуката на поранешниот претседател Виктор Јанукович во последен момент, после 7 години преговарања да не го потпише договорот за асоцијација меѓу Украина и ЕУ. И, наспроти  дезинформација дека Зеленски бил кукла марионета инсталирана со помош на ЦИА во Киев, украинскиот претседател е избран на слободни и демократски избори

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

ИРОНИЈА НА СУДБИНАТА ИЛИ СЛУЧАЈНА НЕСЛУЧАЈНОСТ ??
 13.03.2022 
Во контекст на настаните во Украина последниве 10 години би додал и некои факти кои можеби би фрлиле друго светло на настаните.
 Имено, овој на сликата е Лазар Каганович (1893-1991), десната рака и касапот на Сталин. Тој бил идеолошкиот творец на украинскиот ГОЛОДОМОР од триесетите години кога 6 милиони украинци умреа од глад поради спроведувањето на бруталната колективизација на селото во СССР од страна на болшевиците (комунистите). Треба да се напомене дека Каганович бил хазарски евреин и имал вродена омраза кон словените – руси и украинци, веројатно поради прогонот врз евреите кон крајот на 19 век во Царска Русија. Освен тоа, Каганович имал голема омраза кон украинците и поради изразениот украински сепаратизам и тенденција за отцепување од СССР во тој период. Украина како нај аграрна република најмногу настрадала од тие присилни колективизации и таму отпорот против тоа бил најголем. На сликата до него е Викторија Нуланд, заменик државен секретар на САД во 2014/15 која се прослави на антируските протести и обоени револуции на Мајдан делејќи сендвичи. ШТО ГИ ПОВРЗУВА ОВИЕ ДВАЈЦА?? Сопругот на Викторија Нуланд е Роберт Каган кој потекнува од пошироката фамилија на Лазар Каганович. Со други зборови кажано, тие се некои далечни роднини. Овие факти се потврдени како вистинити. А дали случајно Викторија Нуланд беше избрана од америчката администрација како претставник на САД да делува во Украина во време на тие настани останува дискутабилно. Ниту сакам да генерализирам и целиот еврејски народ да го поистоветувам со касапот Лазар Каганович.
 За појаснување да додадам дека хазарските евреи се натурализирани евреи. Односно во далечниот 10 век хазарите кои се од туркиската група на народи и кои имале држава во северниот дел на црноморието преминале во еврејската религија -јудаизам и се асимилирале со вистинските семитски евреи. И самиот Зеленски е хазарски евреин, кој е обична кукла марионета инсталирана со помош на ЦИА во Киев.

Наведеното во објавата што претставува опис на Лазар Каганович, како десна рака на Сталин и негов помошник, како и политички творец на украинскиот гладомор (период во Украина кога милиони луѓе починале како последица на глад креиран од човечки фактор и политички одлуки), е вистина…

Лазар Каганович бил роден 1983 година во тогашна Русија, а денешна Киевска област во Украина. Починал во 1991 година. Нему од Сталин му биле доверени важни државни задачи, меѓу кои и таа да ја спроведува колективизацијата, да ја регулира работата на железниците, да ја преструктуира цела Москва и да го изгради московското метро.

Точно е дека тој е Евреин,  Но, она што не е вистина, односно за кое не постојат докази, е дека „Каганович бил роднина на сопругот на Викторија Нуланд, Роберт Каган“.

Оваа дезинформација  најверојатно потекнува од тоа што презимињата на двајцата (и Каганович и Каган) почнуваат со истите букви, но од малкуте извори на оваа тема на интернет, може да се заклучи дека веројатноста за роднинска врска меѓу двајцата е чиста шпекулација, а не потврдена информација, како што се тврди во објавата што ја рецензираме.

Имено, Роберт Каган е американски неоконзервативец, критичар на надворешната политика на САД, и заговорник за либерален интервенционизам. Тој е роден во Атина, Грција, а татко му е историчарот Донал Каган, професор по историја на Јејл Универзитетот и специјалист за историјата на војната на Пелопонез. Таткото на Роберт Каган, Доналд има Литванско, еврејско потекло. Роберт Каган е во брак со американската дипломатка Викторија Нуланд која во минатото беше на повеќе државни позиции, меѓу кои и помошник секретар за европски и евроазиски прашања во администрацијата на Барак Обама.

И покрај тоа што не постојат многу информации на интернет за тоа дали Каганович и Каган биле некакви роднини, сепак оние кои постојат го негираат тоа. 

Имено, во 1987 година во САД издавачот Мороу, издал книга од новинарот Стјуарт Кахан, насловена:

Волкот од Кремљ, првата биографија на Л.М.Каганович архитектот на стравот во Советскиот Сојуз.

Потоа томот е објавен во 1989 година во Велика Британија од британската издавачка куќа „Хејл“. Во 1991 година книгата е издадена на руски под наслов: ,,Волкот од Кремљ”, од издавачката куќа Прогресво Москва.

Откако е објавена оваа книга од Стјуарт Кахан, семејството на Лазар Каганович испратило демант до руската издавачка куќа која го објавила преводот, во кој се истакнува дека Лазар Каганович нема никакви роднини во САД, а авторот на книгата Сјуарт Кахан, кој се претставувал како роднина на Каганович, не е негов роднина.

Ние, блиските роднини на Лазар Каганович сме полни со индигнација поради публикацијата на рускиот превод на книгата ,,Волкот од Кремљ” од американскиот новинар Стјуарт Кахан.  Преводот е на Прогрес издавачка куќа, а едно поглавје од книгата се појави и во списанието Неделаја на 5 ноември 1991 година. Инсистираме дека книгата е полна со лаги. Авторот на книгата лажно тврди дека е правнук на Лазар Каганович и прави обид да ги разубеди читателите да веруваат во она што го напишал. Но, ниту Лазар Каганович, ниту ние кога било сме имале идеја за неговото постоење. На 31 мај 1981 година, Лазар Каганович му испрати писмо на тогашниот министер за надворешни работи на Советскиот Сојуз со барање да го заштити од нападните инсистирања на Стјуарт Кахан (авторот на книгата) да го посети (преку амбасадата на Советскиот Сојуз во Вашингтон). Лазар Каганович со жестина негира постоење на било каков внук во САД. Напиша дека нема да го прими, пишува во тој демант од семејството на Лазар Каганович потпишан од ќерка му Маја Каганович, братучедот Борис Каганович, Оскар Лантсман (внук од сестра му), Рејчел Каганович (внука на Лазар Каганович), Роса Каганович (внука) и Леонид Лаганович (внук).

Инаку, наводната роднинска врска меѓу Каганович Лазар и Роберт Каган на некои блогови се појавува како сомнеж базиран само на името без никакви потврди и релевантни докази.

Не е точно и наведеното во објавата дека Викторија Нуланд била избрана од страна на американската администрација да делува како претставник на САД во Украина, во време на демонстрациите на плоштадот Мајдан во Киев. Нуланд е дипломат со искуство од 33 години, таа е избрана да биде заменик државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања од септември 2013 година, (а Евромајдан, бранот демонстрации во Украина почна 21 ноември 2013 година).

Демонстрациите кои почнаа во Киев во ноември 2013 година беа резултат на фрустрацијата на граѓаните на Украина, поради одлуката на поранешниот претседател Виктор Јанукович во последен момент да ја смени насоката и после 7 години преговарања да не го потпише договорот за асоцијација меѓу Украина и ЕУ. Дезинформациите од Кремљ се дека тие протести биле некако организирани од САД, со што целосно се демонстрира непочитување на одлуката на илјадници граѓани да го изразат своето демократско право на протест и политичко уверување.

Голем број светски медиуми и меѓународни институции и организации ги претставуваат настаните од Евромајдан како најголемиот проевропски бунт во историјата на Украина. На 30 март 2012 година ЕУ и Украина го потпишаа Договорот за асоцијација. Но, договорот не беше ратификуван, бидејќи Украина доби насоки да работи на влошената демократија и владеење на правото во државата.

На 21 ноември 2013 година декрет од украинската влада ги суспендира подготовките за потпишување на Договорот за асоцијација. Официјалната причина е дека „претходните месеци Украина доживела пад на индустриското производство“. Владата на Украина тврдеше дека ќе продолжи со подготвувањето на договорот кога падот на индустриската производство ќе бидат компензирани од европскиот пазар.

Претседателот Јанукович престојуваше на ЕУ самитот, кој се одржуваше на 28-29 ноември 2013 година во Вилнус, Литванија, каде требаше да биде потпишан Договорот за асоцијација и трговска размена, но договорот не беше потпишан. Фајненшл Тајмс напиша дека протестите во 2013 г. беа „спонтани, предизвикани од социјалните мрежи и ја фатија украинската опозиција неподготвена”, за разлика од нивните противници.

Според историчарот од Лавов, Јарослав Хрицак, ова претставуваше:

Револуција на генерацијата која може да се нарече модернистичка за украинската независност, револуција на млади луѓе кои се многу образовани, луѓе кои се активни на социјалните мрежи, кои се мобилни и 90 проценти имаат факултетска диплома, но немаат иднина.

Според него, младите Украинци имаат ист карактер како младите Италијанци, Чеси, Полјаци или Германци и драстично се разликуваат од Украинците кои се над 50-годишна возраст.

Оваа генерација има голема желба за европска интеграција и само неколку регионални поделби за разлика од постарите,смета тој.

САД не ги организираа протестите во 2014 во Украина. Демонстрациите кои почнаа во Киев во ноември 2013 година беа резултат на фрустрацијата на Украинците кон поранешниот претседател Јанукович, односно неговата одлука во последен момент да ја смени насоката и после 7 години преговарања да не го потпише договорот за асоцијација меѓу Украина и ЕУ. Како резултат на рускиот притисок тоа го запре напредокот  на приближувањето на Украина кон ЕУ.

Јанукович заврши во бегство по што преодна влада ги презема работите во свои раце. Тогаш војници без државни обележја го окупираа Крим и поставија знамиња на Русија. По референдумот кој не е признаен од меѓународната заедница, Руската Федерација го анектираше Крим.

И последната дезинформација во објавата што ја рецензираме е тоа дека Володимир Зеленски, претседателот на Украина бил кукла марионета инсталирана со помош на ЦИА во Киев.  Зеленски е избран на слободни и демократски избори и покрај тоа што на најразлични начини проруската пропаганда се обидува да го оспори правото на Украинците да гласаат и да имаат сопствена власт.

Украина е република со претседателско-парламентарен систем на владеење, што е дефинирано со Уставот од 1996 година.

Разликата меѓу него и противкандидатот Порошенко беше голема (73 наспроти 25 проценти од гласовите на гласачите што излегле да гласаат).

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 



 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција