Конзервиран фрескоживописот во црквата Св. Спас во Штип

Конзеврацијата на фрескоживописот кој датира од 13 и 17 век финишираше летото 2015 година. Фото: Принтскрин

ПРОЕКТ: КОНЗЕРВАЦИЈА НА ФРЕСКОЖИВОПИСОТ ВО ЦРКВАТА „СВ. СПАС“

Проектот опфаќа конзервација на фрескоживописот во црквата „Св. Спас“, кој датира од 14 и 17 век. Носител: НУ Завод за заштита на спомениците и музеј – Штип (Буџет: 300.000 денари РОК: 2015 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Конзервацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Спас“ во Штип е завршена во септември 2015 година. Ова е исполнето ветување на ВМРО-ДПМНЕ дадено во изборната програма  „Проверено“ (2014-2018) во делот „Поквалитетен живот за сите“ (Култура и уметност  стр.335).

Конзервацијата на фрескоживописот во црквата Свети Спас кој датира од 14 и 17 век започна во април  2014 година Медиумите тогаш информираа дека:

Конзервацијата ќе се одвива во неколку фази, ќе го опфати живописот кој датира од периодот на градењето на црквата во 1388 година и врз кој подоцна, во 1601 година, е насликан нов фрескоживопис од зографот Јован. Ќе се изврши консолидација на оштетените делови, како и отстранување на причинителите на сегашните и на идните оштетувања на обоениот слој на ѕидното сликарство.

Во октомври 2014 година имаше  информација дека е во тек реализацијата на првата фаза од конзервацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Спас” во Штип, проект предвиден во Програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура. Тогаш беше кажано дека  првата фаза треба да заврши до крајот на 2014 година и беше најавено дека во „втората фаза ќе се изврши ретуширање на оштетените делови во црквата, а целосната реализација на проектот се очекува во текот на 2015 година.“

Конзеврацијата финишираше летото 2015 година. На 17 септември 2015 година министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска при посетата на Штип изјави:

Мило ми е што завршивме со конзервацијата на живописниот фрескоживопис во црквата „Свети Спас“, а исто така се заврши и реконструкцијата на кровот. Овој проект комплетно е завршен по што како Министерство за култура ќе почнеме и со партнерното уредување на црквата.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на текстот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.