Митко Јанчев
Митко Јанчев е градоначалник на Општина Кавадарци
ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Митко Јанчев е роден на 01.11.1981 година. Сопруг на Веселка и татко на три деца: Никола, Стојанче и Мила.
ОБРАЗОВАНИЕ
Тој е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот „Гоце Делчев” Штип, а магистерските студии на истиот ги завршува на отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија.
КАРИЕРА
Јанчев е сопственик и управител на ДПТУ „Кожувчанка“ од Кавадарци, првата приватна компанија за производство на вода во Македонија. Функцијата управител ја презел во 2004 година – на 23 годишна возраст, по ненадејната смрт на неговиот татко кој бил основач на компанијата. Во своето 13 годишно раководење со компанијата воведува нови современи стандарди во развојот на фирмата, а компанијата го привлекла светски познатиот бренд „Синалко“ од Германија.
Митко Јанчев е член на управниот одбор на Стопанската комора на Република Македонија, како и претседател на Регионалната Стопанска комора- Кавадарци.
Јанчев ја основал и противпожарната служба во градот.
Донирал во образованието, а еден од поголемите проекти е донација за реконструкција на ОУ „Димката Ангелов -Габерот“ во Кавадарци.
Тој е поддржувач на голем број спортски настани и клубови. Дава особен придонес низ спортот во Кавадрци преку 10 годишната финансиска поддршка на КК „Фени Индустри“, Џудо клубот „ Кожувчанка“, низата фудбалски клубови во Кавадарци, ГРК Тиквеш и други.
Јанчев бил претседател на иницијативниот одбор за изградба на соборната црква „Света Петка” во Кавадарци и е еден од донаторите.
На локалните избори во октомври 2017 година е избран градоначалник на Општина Кавадарци.
ИЗВОРИ:
Веб-страница на Општина Кавадарци: Градоначалник/Биографија
Википедија: Митко Јанчев
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар