Скопје ќе добие нов Луна парк дури во 2018, можеби

vmro-dpmne-logo

ПРОЕКТ: ИЗГРАДБА НА ЛУНА ПАРК

 По пат на јавно-приватно партнерство, Градот Скопје ќе најде приватен партнер, кој ќе изгради нов Луна-парк во Скопје.

(Вредност на проектот: 8 милиони евра. Рок: 2013-2015 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Изградба на нов Луна парк во Скопје, градоначалникот Коце Трајановски, вети за локалните избори во 2013 година во неговата Изборна програма „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Скопје“ (стр.17)  и овој проект досега не е реализиран.

Медиумите на 30.11.2015 година информираа дека Град Скопје ќе гради Луна парк од 6,5 милиони евра.

Изградбата ќе почне од следната година и ќе трае до 2018-та, а ќе се гради на местото на стариот. Површински ќе се протега на 24 илјади метри квадратни и ќе биде опремен со адреналински, семејни и детски реквизити.

Со ова ќе се изврши целосна промена на старите и дотраени реквизити, кои во најголем број не се заменети од последната реконструкција на Луна паркот во 1973 година. Изградбата на новиот Луна парк вклучува влезна партија с о билетара, продавница за сувенири, канцеларии за администрација. Тоалети и гардероба за вработени. Во отворениот просдтор ќе бидат изградени и продавница за слатки, продавница за слатки и храна, јавни тоалети и затворен мултинаменски објект во вид на школка  (Слободанка Алексовска – ВМРО ДПМНЕ) .

Оваа одлука ја одобрија и советниците од СДСМ.

За опозициските советници, идејата за забавниот парк можела да се реализира многу порано, кога пред неколку години предложиле градот со свои пари да го изгради и стопанисува со него, а не да го дава на концесионер. Според Драги Давчевски од СДСМ, доколку била прифатена нивниот предлог, Луна паркот би бил веќе 2 години во функција. Опозицијата ја поддржува идејата за изградба, но смета дека во моментот градот има други приоритетни области и капитални објекти каде е потребно да се инвестира, бидејќи долго време биле ветувани, но не се остварени.

Медиумите пишува дека луна паркот  ќе се гради според идејното решение на архитектите Климент Патчев, Филип Конески, Борис Јурмовски, Марјан Димиќ и Борко Георгиев, а предвидува и едукативен мултимедијален центар посветен на Месечината, небесните тела и астрономијата. Паркот ќе го сочинуваат административни објекти, нови забавни реквизити за возење во согласност со европските стандарди за безбедност, објекти за служење храна и пијалаци, за продажба на сувенири, затворен дел за играње, паркинг…

На страницата на Град Скопје има  отворено постапка за: „Набавка, транспорт и монтажа на реквизити за забавен парк – Скопје“ со датум од 21.03.2016.

II.1.1) Проценета вредност без ДДВ: 109.217.850,00 ден.

Според договорот понудите најкасно треба да пристигнат до 04.04.2016 во 13.00 часот.

По пребарувањето на интеренет и агрегаторите на вести не може да се најде вест дали понудите се отворени и кога тоа ќе се случи. Таква информација нема  ниту на веб-страницата на Град Скопје.

Со оглед  на тоа што четири месеци по пробивањето на крајниот рок на реализација (2015 година) предвиден во Програмата на Трајановски, проектот е сè уште во фаза на тендерска постапка,  а имајќи ја предвид и најавата дека изградбата на Луна паркот треба да започне во текот на оваа година (2016) и да биде готов за две години ( 2018),  ова ветување  го сметаме за недоследно и го оценуваме како неисполнето.

 Забелешка:

Оваа тема  „Вистиномер“  ја анализираше во април 2014 година, како проект од изборната Програма на ВМРО-ДПМНЕ (2011-2015) „Манифест за реформи и развој“ (стр.137) , кој  тогаш  беше оценет како „ неисполнет“.  За потсетување, владејачката партија во Програмата со која излезе на предвремените парламентарни избори во 2011 година, вети: „Во соработка со градот Скопје, преку моделите за јавно-приватно партнерство, ќе овозможиме целосно обновување и проширување на Луна Паркот во Скопје во современ забавен парк со многу нови содржини и атракции, кој, покрај за граѓаните од земјата, ќе биде атрактивен и за посетители од соседните земји“. Во периодот од три години (2011-2014) градот имаше неколку неуспешни обиди да најде концесионер што ќе инвестира во изградба на Луна  паркот.

ЛИНКОВИ:

Оценето од: Владе Ѓорчев


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *