ВМРО-ДПМНЕ: Обновување на Луна Паркот во Скопје
Во соработка со градот Скопје, преку моделите за јавно-приватно партнерство, ќе овозможиме целосно обновување и проширување на Луна Паркот во Скопје во современ забавен парк со многу нови содржини и атракции, кој, покрај за граѓаните од земјата, ќе биде атрактивен и за посетители од соседните земји. [Рок: 2013]
Образложение:
На 15.06.2011 година градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски информираше дека
Градот ќе го даде скопскиот Луна – парк на странски или домашен концесионер кој ќе го изгради и ќе управува со него во период од 30 години. По избирање на фирмата „ИДОМ“ од Шпанија како консултант, ќе се распише тендер за избор на новиот концесионер согласно одлуката која беше усвоена од Советот на Град Скопје.
Во ноември 2011 година градоначалникот Трајановски соопшти дека е распишан тендерот за избор на концесионер за изградба на нов Луна -парк.Трајановски најави дека Луна Паркот комплетно ќе биде реконструиран до септември 2012 година.
По два неуспешни обиди да најде концесионер, во мај 2012 градоначалникот Трајановски изјави дека повторно ќе се распиша тендер за Луна – паркот. Тој изрази надеж дека овојпат тендерот ќе биде успешен и дека во септември ќе почне да се гради Луна – паркот.
Во октомври 2012 Градот распиша нов оглас за концесионер што ќе инвестира во изградба на Луна – паркот, а за возврат ќе стопанисува со него во следните 35 години.
Во мај 2013 година отпочната е нова постапка за доделување на договор за јавно-приватно партнерство за изградба на нов Луна -парк во Скопје.
Во ноември 2013 година Градот Скопје објави нов оглас на кој бара партнер – концесионер за изградба на нов Луна – парк.
Пропадна и третиот обид на Градот Скопје да најде партнер што ќе изгради нов забавен парк на местото на стариот Луна – парк во Скопје. На денешното ( 01.03.2014 година) отворање на понудите беше констатирано дека не пристигнала ниту една понуда на инвеститор заинтересиран да го гради Луна-паркот. Од Градот нема коментар дали и кога ќе се распишува нов тендер, но велат дека не се откажуваат од идејата.
Според сето ова може да се констатира дека ветувањето за изградба на нов Луна – парк во Скопје е неисполнето
Линкови:
- Журнал (08.11.2011): Луна паркот ќе блесне од септември. [Пристапено на: 21.12.2011]
- Дневник (01.05.2012): Градот се откажува од инвеститор за нов луна-парк? [Пристапено на: 08.05.2012]
- 24 Вести (26.05.2013): Ќе добие ли Скопје конечно луна парк? [Пристапено на: 23.06.2013]
- Дневник (28.02.2014) Никој не сака да изгради нов забавен парк [Пристапено на: 04.04.2014]
- Фактор (01.03. 2014) Пропадна уште еден тендер за Луна Паркот во Скопје [Пристапено на: 04.04.2014]
- Телеграф (22.11.2013) Вртелешките и количките како од музеј [Пристапено на: 04.04.2014]
- Плус инфо (03.10.2012): Само најави за нов Луна Парк [Пристапено на: 04.04.2014]
- Плус инфо (04.05.2012): Градот ги откажа шпанските услуги, сам ќе бара инвеститор за Луна Паркот [Пристапено на: 04.04.2014]
- Вечер (09.11.2011): Луна Парк и Панорамско тркало во 2012 [Пристапено на: 04.04.2014]
- Плус инфо (15.06.2011): Се бара концесионер за Луна Парк [Пристапено на: 04.04.2014]
Оценето од: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар