Жерновски по третпат ги награди најдобрите ученици и наставници во Општина Центар

Осум првенци на генерација од основните училишта во Центар и 14 најдобри наставници добија награди од градоначалникот на Општината Фото: Принтскрин

 

Годишна награда за најдобар оддленски наставник во општина Центар, во висина од три просечни плати. Годишна награда за најдобар предметен наставник во општина Центар, во висина од три просечни месечни плати.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, во предизборната програма насловена „Време е“, на страницата 14, вети годишна награда за најдобар одделенски наставник и за најдобар предметен наставник во Општината. Ова изборно ветување на Жерновски го оценуваме како исполнето.

На 27.05.2016 година медиумите информираа дека Општина Центар по третпат ги награди наставниците и учениците од оваа Општина.

Осум првенци на генерација од основните училишта во општина Центар и 14 најдобри наставници вчера беа наградени од градоначалникот Андреј Жерновски. Критериумите за наградување беа покажаниот успех, квалитет, посветеноста и освоените награди на различни натпревари.

Општина Центар по третпат на овој начин го вреднува трудот на учениците и на наставниците и со тоа покажува дека доброто образование е услов за идни добри граѓани. Како што рече Жерновски, од сите вложувања, најдобро е вложувањето во образованието, бидејќи тоа утре се враќа десеткратно, а овие награди ќе ги мотивираат идните најдобри ученици и наставници.

Информација за доделувањето на наградите  има и на официјалната веб-страница на Општина Центар каде, меѓу другото, е наведено дека „осум првенци на генерација од основните училишта во Општината и четиринаесет најдобри одделенски и предметни наставници ги добија заслужените награди од градоначалникот Андреј Жерновски“:

Критериумите за наградување ги определија и потврдија комисии на секое училиште, а најважни беа успехот, квалитетот посветеноста и освоените награди на различни натпревари.

Свеченото доделување на наградите беше во ООУ „Ј.Х. Песталоци“, а на приредбата својот талент го покажаа учениците.

УЧЕНИЦИ НА ГЕНЕРАЦИЈА

1.      Александар Радуловски – ООУ “Јохан Хајнрих Песталоци”

2.      Матеј Ванев – OOУ “Коле Неделковски”

3.      Ана Мариа Петкоска – ООУ “ 11 Октомври “

4.      Александар Гоџиров – ООУ “Гоце Делчев”

5.      Матеа Штрковска – ООУ “Димитар Миладинов”

6.      Јана Наскова – ООУ “Кочо Рацин”

7.      Марко Миливојевиќ – OOУ “ Св. Кирил и Методиј “ и

8.      Мелани Цветковска – OOУ “Св. Кирил и Методиј”

Наградени одделенски и предметни наставници се:

1.ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“

Струмка Јакимовска – одделенски наставник

Наде Ѓорѓиевска – предметен наставник

2.ООУ „Коле Неделковски“

Пепица Павлова – одделенски наставник

Тодорка Несторовска – предметен наставник

3.ООУ „11 Октомври“

Тања Софрониевска Здравковска – одделенски наставник

Златко Павловски – предметен наставник

4.ООУ „Гоце Делчев“

Лепа Насковска – одделенски наставник

Калина Серафимовска – предметен наставник

5.ООУ „Димитар Миладинов“

Ружа Пачаџиева – одделенски наставник

Бранко Трајковски – предметен наставник

6.ООУ „Кочо Рацин“

Душанка Димевска – одделенски наставник

Менка Трепалковска – предметен наставник

7.OOУ „Св. Кирил и Методиј“

Марина Василева – одделенски наставник

Кети Христовска – предметен наставник

Што се однесува до паричната награда таа изнесува една просечна плата. Одговор за тоа зошто се дава една просечна плата, а не три како што е ветено во програмата, побаравме од Општина Центар, од каде ни рекоа дека причината е што Општината одлучила наместо по еден (одделенски и предметен наставник), како што е ветено, да награди повеќе наставници. Па така годинава се наградени 14 наставници (седум одделенки и седум предметни), кои добија награда од по една просечна плата. Од Општината за „Вистиномер“ објаснија дека парична награда добиваат и учениците.

Поради тоа ветувањето за годишна награда за најдобар оддленски наставник во Општина Центар, го сметаме за исполнето.

ЛИНКОВИ:

Оценето од: Владе Ѓорчев

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција