Yearly Archives

2021

Депонијата Краста во Куманово сè уште не е дислоцирана

Во предизборието во 2017 година актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски даде крупно ветување околу решавање на деценискиот проблем со постоечката кумановска депонија Краста. Ова е едно од покомплицираните ветувања кога…

Страчинци сè уште чека нов водоснабдителен објект

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски за локалните избори во 2017 година, вети изградба на нов водоснабдителен објект за жителите на населеното место Страчинци. Ова ветување на Георгиевски се најде  меѓу капиталните проекти во…

Во наслов се навестува информација околу ЗРО што во текстот ја нема

Објава на Фејсбук на дигитален медиум поради испуштен контекст погрешно ги наведува читателите дека ќе дознаат детали за законските измени во ЗРО околу времето на стапувањето во сила на тие измени. Но во објавата таква информација нема

Отец Здравески шири лаги за составот на вакцините против ковид-19, МПЦ поддржува вакцинација

Антивакцинален став базиран врз лажно твдење за составот на вакцините беше пласиран на телевизија со национална лиценца од страна на свештеник на МПЦ-ОА. Проверката на факти покажа дека тврдењата на отецот се невистина

Вакцината на Фајзер-Бионтек не прави проблем на јајниците и плодноста

Објава на Фејсбук на македонски јазик погрешно претставува истражување од Јапонија, по што се вади заклучок дека вакцината на Фајзер-Бионтек влијае на создавање негативни ефекти врз човековиот организам

Ставот на Католичката Црква не е против вакцинацијата

Со невидена леснотија е објавен пост во кој се тврди дека Исус бил против вакцините! Повод за ваквиот заклучок е видео обраќање на калуѓерка од Велика Британија која тврди дека добиле барање за молитви за 50 лица што починале од вакцини. Но…

Уште една „волшебно“ залепена паричка после наводна вакцина – без факти

Како печурки после дожд никнуваат измамите на профили на социјалните мрежи со наводни магнетизирачки својства што ги добиваат луѓето после вакцинацијата со анти ковид вакцините. Во оваа рецензија бележиме уште еден таков пример

Не е вистина дека Вучиќ рекол „мајмунот Заев“

Преку лажна изјава на српскиот топ политичар за друг топ политичар во С. Македонија, се менува вистинската содржина со цел да се постигне што поголема активност околу објавата на фан страната на Фејсбук на медиумот. Кога ќе се кликне во…

Руската вакцина „Спутник В“ нема магнетизирачки компоненти

Видео со лажно тврдење дека после вакцината со „Спутник В“ рамото на некоја скопјанка станало магнетизирачко е објавено на социјални мрежи, а од таму завршува како сензационалистичка вест на фејсбук фан страната на угледен медиум. Вакви…

Со метал детектор не може да се утврди ништо за вакцините, зашто тие не содржат метали!

Во ниту една анти ковид вакцина нема метали или соединенија од метали, така што пласирање на видеа во кои метал детектор се активира кога е приблежен до рака на вакциниран човек, се дезинформации и измами

АНАЛИЗА: Едни општини го „топат“ долгот – други го зголемуваат, раст на финансиските обврски на…

Само за три месеци вкупниот долг  на сите општини во земјава се зголемил за 2,2 милиона евра. Иако Владата законски овозможи намалување на долговите на локалните власти со директни финансиски инјекции, сепак, најновите податоци од…

Бројките на ВАЕРС не се доказ за несакани ефекти од анти ковид вакцините

Официјален извештај, со официјални бројки од официјален државен систм во САД за следење на безбедност на вакцините упатува на толкување за многу голем број несакани ефекти од анти ковид вакцините. Но, не е баш се така, зашто во објавата не…

Вакцините против ковид немаат магнетизирачко дејство

Од почетокот на пандемијата до денеска, во јавниот дискурс една по една се појавуваа разни дезинформации и дезинформациски трендови, спротивни на медицинската и другите науки. Тие безмалку веднаш се пренесуваат и во земјава, а последниот е…

Лицетo Т.С. не починало на улица, туку во домот и тоа можело да се провери

Врз основа на информација од билтенот на дневни настани на МВР објавена е дезинформација, т.е. лажна вест, дека момче починало на улица, наместо во неговиот дом. Ова упатува на сензационалистички пристап за да се зголеми бројот на посети на…