Со лажна Фејсбук страница на „Шкода“ се лажат корисниците на Фејсбук дека може да добијат нов автомобил

Фотографиите од наводните „победници“ на оваа „наградна игра“ се неавтентични, како што и официјално демантира „Шкода“. Страницата што ја објавува наводната наградна игра е нова и единствените содржини што се споделуваат на неа се за непостоечката наградна игра. Тешко е да се поверува дека „Шкода“ досега не би креирала своја Фејсбук страница во С. Македонија, со оглед на фактот што долго време е присутна на македонскиот пазар, како и дека единствени содржини на таквата страница би се однесувале само на една наградна игра и ништо друго

 

Фотографиите од наводните „победници“ на оваа „наградна игра“ се неавтентични, како што и официјално демантира „Шкода“. Страницата што ја објавува наводната наградна игра е нова и единствените содржини што се споделуваат на неа се за непостоечката наградна игра. Тешко е да се поверува дека „Шкода“ досега не би креирала своја Фејсбук страница во С. Македонија, со оглед на фактот што долго време е присутна на македонскиот пазар, како и дека единствени содржини на таквата страница би се однесувале само на една наградна игра и ништо друго. 

 

 

Рецензираме пост објавен во група насловена како Шкода Македонија на социјалната мрежа Фејсбук. Во постот се тврди дека постои „голема наградна игра во која тројца среќници дента ќе добијат нов автомобил Шкода“.

Да, за денес 3 среќници ќе добијат нов автомобил од Шкода,.. За да го добиете,.. Пријавете се за да победите, лајкнете ја нашата страница, Коментар: „SKODA“, споделете ја нашата објава со вашата група, ве молиме следете ја нашата страница. Победникот ќе добие порака од нас, пишува во постот што го рецензираме.

Постот има над 1.600 споделувања, над 1.400 коментари и има постигнато исклучителна виралност и покрај неговата лажна содржина. Во склоп на еден од постовите со лажната наградна игра има и фотографија од наводната награда.

 

Групата е нова, креирана овој месец и има околу 5.000 членови. Доколку се разгледа групата ќе се види дека по објавата за наводната наградна игра има и лажни фотографии од странство од наводните добитници на наградата, а кои се манипулативно злоупотребени за да се добие лажен впечаток дека станува збор за валидна игра во која постои шанса да се добие нов автомобил.

Вистинската компанија „Шкода,“ преку својата официјална Фејсбук фан страница, информираше дека станува збор за лажна наградна игра неповрзана со нивната компанија. Таму има над 6 милиони следбеници, таа страница функционира одамна и е валидна.

 

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!!! Почитувани пријатели, На социјалните мрежи се појави лажна наградна игра која не е организирана, ниту на било кој начин поврзана со ŠKODA Македонија. Ве молиме бидете внимателни со споделување на вашите лични податоци и споделување на објави чија единствена цел е измама и злоупотреба, напишаа оттаму.

Сето ова значи дека фотографиите од наводните „победници“ на оваа „наградна игра“ се неавтентични, како што и официјално демантира „Шкода“. Понатаму, страницата што ја објавува наводната наградна игра е нова и единствените содржини што се споделуваат на неа се за непостоечката наградна игра. Тешко е да се поверува дека „Шкода“ досега не би креирала своја Фејсбук страница во С. Македонија, со оглед на фактот што долго време е присутна на македонскиот пазар, како и дека единствени содржини на таквата страница би се однесувале само на една наградна игра и ништо друго. Овие и редица други аргументи недвосмислено покажуваат дека станува збор за измамнички пост и цела измамничка страница на Фејсбук, кои го злоупотребуваат брендот на „Шкода“. Заради ова, оценуваме дека постот што го рецензираме не е вистинит.

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција