Неосновано се проблематизира ефикасноста на вакцината поради пробивни инфекции

Фото: pixabay.com

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот кога се вели дека Германија го вакцинирала целото население, а има рекорд во бројот на заразени. Кога текстот – линкуван во постот, ја проблематизира спасителната функција на вакцината, не се осврнува на исходот од тие инфекции кој во најголем дел од случаите е без хоспитализација и без смртен исход. Релевантни медицински здравствени организации во светот постојано посочуваат дека има соеви кои го пробиваат вакциналниот имунитет. Вакциналната ефикасност не се гледа во тоа дали вакцинираниот ќе се зарази со коронавирусот или не, туку во тоа како ќе ја помине инфекцијата. вакцините против ковид-19 се ефективни во превенција на инфекција, сериозна болест и смрт

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот кога се вели дека Германија го вакцинирала целото население, а има рекорд во бројот на заразени. Кога текстот – линкуван во постот, ја проблематизира спасителната функција на вакцината, не се осврнува на исходот од тие инфекции кој во најголем дел од случаите е без хоспитализација и без смртен исход. Релевантни медицински здравствени организации во светот постојано посочуваат дека има соеви кои го пробиваат вакциналниот имунитет. Вакциналната ефикасност не се гледа во тоа дали вакцинираниот ќе се зарази со коронавирусот или не, туку во тоа како ќе ја помине инфекцијата. вакцините против ковид-19 се ефективни во превенција на инфекција, сериозна болест и смрт

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук кој се однесува на вакцината против ковид-19. Во постот се тврди следното:

Вакцината помага?! Германија го собори рекордот по број на заразени а го вакцинираше речиси целото население!!!

Потоа постот води кон медиумски напис во кој се вели дека:

Германија бележи нов рекорд на новозаразени со кoронавируc со 294.931 нови случаи на инфекција и покрај фактот што повеќе од 75 отсто од граѓаните на земјата биле вaкцинирани со две дози и повеќе од 57 отсто од луѓето вaкцинирани со 3 дози од „спасувачката вaкцина“.

Вакцината е ословена како спасувачка во наводници со цел да се дискредитира нејзината делотворност, а дополнително се додава дека „наводно спречувала заболување од ковид, како и ширење на зaразата“. Тонот на написот ја става вакцината во негативен контекст, а текстот завршува и со иронично прашање „вакцината помага?!”.

Меѓутоа, релевантни медицински здравствени организации во светот  постојано посочуваат дека има соеви кои го пробиваат вакциналниот имунитет. Вакциналната ефикасност не се гледа во тоа дали вакцинираниот ќе се зарази со коронавирусот или не, туку во тоа како ќе ја помине инфекцијата.

Центарот за контрола и превенција на болести на САД за таканаречените пробивни инфекции пишува дека се случуваат инфекции затоа што вакцините не се 100 процентно ефективни во превенцијата на болеста. Така некои луѓе кои се целосно вакцинирани се заразуваат со ковид-19. Ако целосно вакцинирано лице се инфицира ова се вика пробивна инфекција. Инаку, според ЦДЦ, вакцините против ковид-19 се ефективни во превенција на инфекција, сериозна болест и смрт.

Тие ги штитат сите луѓе повозрасни од 5 години од инфекција и сериозна болест, значајно намалувајќи ја шансата за хоспитализација и смрт. Да се вакцинирате е најдобриот начин да го забавите ширењето на ковид-19 и да превенираните инфекција од делта или други варијанти. Сепак, се случуваат и пробивни инфекции, кога целосно вакцинирано лице се инфицира со ковид- 19. Луѓето со вакви инфекции, може да го шират ковид и на други лица. Дури и ако сте целосно вакцинирани, ако живеете во општества каде има нивоа на ковид кои се високи, тогаш и вие и вашето семејство и целото општество, подобро ќе бидете заштитени ако носите маска на затворено. Луѓето кои се имунокомпромирани, не секогаш градат адекватно ниво на заштита по двете примарни дози мРНК вакцина. Тие треба да продолжат да ги практикуваат сите заштитни мерки препорачани за невакцинирани луѓе, додека да бидат посоветувани поинаку од здравствените власти. Затоа ЦДЦ препорачува лицата со нарушен имунитет да примат и трета доза вакцина.

Центарот за контрола и превенција на болести на САД напоменува дека ваквите пробивни инфекции се очекувани.

Ковид вакцините се ефективни во спречувањето на најголем дел од инфекциите меѓутоа како и сите други вакцини не стопроцентно. Целосно вакцинираните луѓе со пробивни инфекции имаат помали шанси да се разболат сериозно, отколку оние што се невакцинирани а заразени со ковид -19,  истакнува ЦДЦ.

Дури и ако целосно вакцинираните луѓе развијат симптоми тие симптоми се помалку сериозни отколку кај невакцинираните луѓе.

Ова значи дека тие имаат помали шанси да бидат хоспитализирани или да починат отколку луѓето кои не се вакцинирани, посочува ЦДЦ.

Значи, вакцините кои во постот што го рецензираме во наводници и иронично се ословуваат како спасоносни, навистина се спасоносни.

Истовремено ЦДЦ укажува, бидејќи вакцините не се 100 процентно ефективни, како што расте бројот на целосно вакцинирани, така и бројот на инфекции кои ќе бидат пробивни ќе расте.  Односно, ако има многу повеќе ковидинфекции во едно општество или држава, ќе има и повеќе пробивни инфекции односно инфекции кај вакцинираните. Оттука, тоа што во  Германија има раст на бројот на заразени кај целосно вакцинираните не е изненадување и тие главно имаат полесна клиничка слика.  Сепак, ризикот од хоспитализација, инфекција и смрт е многу понизок кај вакцинираните споредено со невакцинираните луѓе.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во постот што го рецензираме се пропушта контекстот кога се вели дека Германија го вакцинираше целото население, а има рекорд во бројот на заразени. Кога ја проблематизира спасителната функција на вакцината, текстот не се осврнува на исходот од тие инфекции, кој во најголем дел од случаите е без хоспитализација и без смртен исход. Тоа што вакцината го прави за граѓаните е да спречи тежок исход од болеста ковид-19.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција