Пост на Фејсбук неосновано тврди дека вакцините предизвикуваат згрутчување на крвта

Фото: Laxman DeepPixabay

Тезите за редок несакан ефект наречен тромбоза со синдром на тромбоцитопенија (ТЅЅ), беше пријавен во неколку земји  на почетокот на процесот на имунизација против ковид-19 и истите беа поврзувани со вакцината на „АстраЗенека“. Како што објави тогаш Европската агенција за лекови, „само 22 случаи на тромбоза се пријавени меѓу повеќе од три милиони луѓе вакцинирани во зоната што ги вклучува ЕУ, Норвешка и Исланд“. И Светската здравствена организација (СЗО) официјално кажа дека нема потврда дека вакцината предизвикува згрутчување на крвта. Во „Журналот на автоимуност“, пак, автори на студија од август месец 2021 година за вакцината на „Фајзер“, наведуваат дека таа не создава тромбови. Овој труд е цитиран во уште седум други трудови, според Националната американска библиотека за медицина

Тезите за редок несакан ефект наречен тромбоза со синдром на тромбоцитопенија (ТЅЅ), беше пријавен во неколку земји  на почетокот на процесот на имунизација против ковид-19 и истите беа поврзувани со вакцината на „АстраЗенека“. Како што објави тогаш Европската агенција за лекови, „само 22 случаи на тромбоза се пријавени меѓу повеќе од три милиони луѓе вакцинирани во зоната што ги вклучува ЕУ, Норвешка и Исланд“. И Светската здравствена организација (СЗО) официјално кажа дека нема потврда дека вакцината предизвикува згрутчување на крвта. Во „Журналот на автоимуност“, пак, автори на студија од август месец 2021 година за вакцината на „Фајзер“, наведуваат дека таа не создава тромбови. Овој труд е цитиран во уште седум други трудови, според Националната американска библиотека за медицина

 

 

Пост на Фејсбук тврди дека вакцините против ковид предизвикуваат згрутчување на крвта. Ваквото тврдење не кореспондира со реалноста и со научните факти

Да сме на јасно, Вакцина која предизвикува тромбови НЕ Е НОРМАЛНО!

(Сликата е артерија со згрутчување што ја опфаќа целата должина на тој ОГРОМЕН и исто така многу витален крвен сад!!

Постот кој споделува и фотографија со непознато потекло, неосновано и без факти шири дезинформации. Нема докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат згрутчување на крвта.

Ваквите тези за редок несакан ефект наречен тромбоза со синдром на тромбоцитопенија (ТЅЅ), беше пријавен во неколку земји на почетокот на процесот на имунизација против ковид-19 и истите беа поврзувани со вакцината на „АстраЗенека“. Како што објави тогаш Европската агенција за лекови, „само 22 случаи на тромбоза се пријавени меѓу повеќе од три милиони луѓе вакцинирани во зоната што ги вклучува ЕУ, Норвешка и Исланд“.

И Светската здравствена организација (СЗО) официјално кажа дека нема потврда дека вакцината предизвикува згрутчување на крвта. Откако поради претпазливост нејзината примена беше стопирана во неколку европски земји, СЗО соопшти дека нема причина да се стопира вакцинацијата со „АстраЗенека“.

Да, треба да продолжиме да ја користиме вакцината на „Астразенека“, нема причина да ја суспендираме, рече портпаролката на СЗО, Маргарет Харис на прес-конференција во Женева.

На веб-страницата на СЗО во секцијата посветена на вакцините пишува:

Вакцините против ковид-19 создаваат заштита од болеста, преку развивање на имунолошки одговор на вирусот САРС-Ков-2. Развивање на имунитет преку вакцинација значи намален ризик за развој на болеста и нејзините последици. Овој имунитет ви помага да се борите против вирусот доколку се изложите. Вакцинирањето, исто така, ги заштитува луѓето околу вас.

Теоретичарите на заговор и антиваксерите, речиси секогаш ја поврзуваат вакцината на Фајзер со згрутчување на крвта. Но, нема докази дека оваа вакцина предизвикува згрутчувања на крвта и „Вистиномер“ досега има пишувано за тоа.

Не постојат медицински докази дека вакцината на „Фајзер“ ја оштетува крвта, односно, дека ја онеспособува да го носи кислородот низ крвотокот. Консензусот на медицинската заедница, која третира пациенти со ковид, не соодветствува со ова тврдење.

Во „Журналот на автоимуност“, автори на студија од август месец 2021 година за вакцината на „Фајзер“, наведуваат дека таа не создава тромбови. Овој труд е цитиран во уште седум други трудови, според Националната американска библиотека за медицина.

Портпаролот на „Фајзер“ за странски проверувачи на факти, на прашањето дали вакцината против ковид на „Фајзер“ создава згрутчување на крвта, на 4 ноември 2021 година одговара дека нема докази за да се сугерира таквото тврдење.

Д-р Валтер Оренштајн, професор на Одделот за заразни болести на Факултетот за медицина на Универзитетот Емори и вонреден директор на Центарот за вакцини „Емори“ вели дека не е запознаен со какви било информации објавени во медицинската литература за проблеми со коагулацијата по примање на мРНК вакцините, пренесува Политифакт.

Д-р Шрути Гохил, професор по заразни болести на Mедицинскиот факултет на Универзитетот во Калифорнија, Ирвин, во изјава за Политифакт истакнува дека „тромбоцитите и другите фактори на коагулација се природно во нашата крв за да ни помогнат да го запреме крварењето кога ќе се повредиме, така што крвта природно се згрутчува многу лесно, освен ако не правите нешто за да не се згрутчи.

Создавањето тромбови не е на листата на сериозни несакани дејства од вакцината на „Фајзер“ која може да се најде на страницата на Центарот за контрола и превенција од болести (ЦДЦ). ФДА и ЦДЦ се одговорни за долготрајни набљудувања на несакани реакции од ковид вакцините.

Вакви случаи се забележани по примена „Џонсон и Џонсон“ вакцина, но тие се многу ретки, нагласува ЦДЦ.

Тромбоза со синдром на тромбоцитопенија (ТТС) е редок, но сериозен несакан настан кој предизвикува згрутчување на крвта во големите крвни садови и ниски тромбоцити (крвни клетки кои помагаат во формирањето на згрутчување). Од 3 февруари 2022 година, во Соединетите Држави се дадени повеќе од 18,2 милиони дози од вакцината „Џонсон и Џонсон“. ЦДЦ и ФДА идентификуваа 57 потврдени извештаи за луѓе кои ја примиле оваа вакцина против ковид-19 и подоцна развиле ТТС. ЦДЦ, исто така, идентификуваше девет смртни случаи кои се предизвикани или директно му се припишуваат на ТТС по вакцинацијата со „Џонсон и Џонсон“. Жените на возраст од 30-49 години особено треба да бидат свесни за зголемениот ризик од овој редок несакан настан. Постојат и други достапни опции за вакцина против ковид-19 кај кои овој ризик не е забележан, пишува ЦДЦ на својата официјална веб-страница.

Од сето ова може да се заклучи дека не постојат докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат згрутчување на крвта. Според тоа, може да кажеме дека постот кој го анализираме е невистинит.

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција