Не е точно дека вакцината Фајзер содржи графен оксид

Во постот се споделуваат наводни фотографии од доверливи документи на Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА) за содржината на вакцината Фајзер. Но, такви документи нема на официјалната стрaница на ФДА. Составот на вакцини за ковид-19 е транспарентен и јавно достапен, па  може да се види дека во листата на состојките на  вакцината на Фајзер нема графен оксид, а го нема и во ниту една од другите вакцини против ковид-19 кои се достапни ширум светот, произведени од Модерна, Џенсен, Астра Зенека.  Исто така, нема докази за смртни последици поврзани и предизвикани од вакцините на Фајзер. Според Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), 92 отсто од пријавените несакани ефекти по вакцините Pfizer и Moderna биле благи

Во постот се споделуваат наводни фотографии од доверливи документи на Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА) за содржината на вакцината Фајзер. Но, такви документи нема на официјалната стрaница на ФДА. Составот на вакцини за ковид-19 е транспарентен и јавно достапен, па  може да се види дека во листата на состојките на  вакцината на Фајзер нема графен оксид, а го нема и во ниту една од другите вакцини против ковид-19 кои се достапни ширум светот, произведени од МодернаЏенсенАстра Зенека.  Исто така, нема докази за смртни последици поврзани и предизвикани од вакцините на Фајзер. Според Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), 92 отсто од пријавените несакани ефекти по вакцините Pfizer и Moderna биле благи

 

Рецензираме пост на Социјалната мрежа Фејсбук, во кој се тврди дека конечно се докажало дека вакцината на Фајзер содржи графен оксид. Ова не е вистина.

Во постот стои:

Нема повеќе теорија на заговор!! Документите на Фајзер за инјекцијата против Корона јасно зборуваат за графен оксид во смртоносната вакцина!! Документот е од ФДА Дали некогаш сте се запрашале како навистина функционира светот?

Во постот се споделуваат и наводни фотографии од доверливи документи на Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА), од содржината на вакцината Фајзер. Но, такви документи нема на официјалната  страница на ФДА.

Состојките во вакцини за ковид-19 се транспарентни и јавно достапни. Според листата објавена на страницата на американската Агенција за храна и лекови, состојките на вакцината на „Фајзер“ против ковид-19 се: мРНК, липиди, калиум хлорид, монобазен калиум фосфат, натриум хлорид, двобазен натриум фосфат дихидрат и сахароза. Графен оксидот не се наведува како состојка.

Ниту една од другите вакцини против ковид-19 кои се достапни ширум светот, произведени од МодернаЏенсенАстра Зенека,  исто така, не содржи графен оксид.

И на официјалната веб-страница за вакцинација во земјава, каде се наведени состојките на сите вакцини кои се администрираат во Северна Македонија, се гледа дека во нивниот состав нема графен оксид.

Ова е листата на состојките на Фајзер вакцината против ковид-19, никаде во неа не стои состојка графен оксид.

Графен оксидот не се користи во производството на вакцината Pfizer-BioNTech COVID-19, изјави за Ројтерс виш соработник на Pfizer.

Метју Диазио, соработник на  Американското хемиско здружение во Конгресот за наука и инженерство, тврди дека течностите што содржат графен или графен оксид во која било значајна количина имаат тенденција да бидат темно кафеави или црни. Вакцината Pfizer-BioNTech COVID-19 е проѕирна или жолтеникава течност

Графен оксидот е материјал кој настанува со оксидација на графит. Графен е единечен слој на графит (меката супстанца која ја има во врвот од моливите за пишување). Графен оксидот се опишува како најсилниот, најмалиот и најспроводливиот материјал на земјата. Тој има потенцијална употреба во електрониката, оптиката, хемијата, складирањето енергија и биологијата.

Вакцините поминуваат ригорозни научни проверки за безбедност и исполнети стандарди, пред да бидат одобрени. Ниедна вакцина против коронавирус не содржи графен оксид во состојките.

Портпаролката на „Фајзер“, Џерика Питс за „Политифакт“ изјави дека компанијата не користела графен оксид во нивната вакцина.

За експертот за вакцини, Пол Офит, од детската болница во Филаделфија, ова тврдење (дека вакцините содржат графен оксид) е чиста глупост.

И проверувачите на факти на Асошиејтед прес пишуваат дека во вакцините против ковид-19 нема графен оксид. До истите факти дојдоа и проверувачите на Фулфект.

„Асошиејтед прес“ извести дека и покрај тоа што имало истражувања дали се користел графен оксид во некои вакцини (во количества кои за човекот не би биле токсични), сепак материјалот не е на листата на состојки на фајзеровата вакцина или која било друга вакцина против ковид 19.

На 23 август 2021 година, ФДА го објави првото одобрување на вакцина против ковид-19. Вакцината е позната како Pfizer-BioNTech вакцина за ковид-19, а одобрената вакцина се продава како Comirnaty, за превенција од ковид-19 кај лица на возраст од 12 години и постари.

Comirnaty е едновалентна вакцина за ковид-19 која е одобрена за употреба како примарна серија со две дози за превенција од ковид-19 кај лица на возраст од 12 години и постари. Исто така, овластено е за итна употреба да се обезбеди трета примарна сериска доза на лица на возраст од 12 години и постари со одредени видови на имунокомпромитирани, стои во официјалните податоци на Американската Агенција за храна и лекови (ФДА).

На официјалната страница на ФДА во сите податоци за вакцината на Фајзер нема документи во кои стои дека вакцината содржи графен оксид, како што тврди авторот на постот.

Исто така,  не се точни наводите во постот дека вакцината на Фајзер е смртоносна.

Според  научни студии вакцината прорив коронавирусот докажано штити од тешки форми на болеста и смрт. За да бидат одобрени за употреба, вакцините против ковид-19 мора да ги исполнуваат највисоките стандарди за безбедност и делотворност. Светската здравствена организација (СЗО) внимателно го следи воведувањето на сите вакцини за ковид-19. Иако тие беа развиени во рекордно време, сепак, самиот процес – системите за тестирање, проценката на резултатите и одобрувањето на вакцината, не беше помалку ригорозен.

Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) уште минатата година  соопшти дека 92 отсто од пријавените несакани ефекти по вакцините Pfizer и Moderna биле благи. Нема докази за смртни последици поврзани и предизвикани од вакцините на Фајзер.

 Поради сите наведени факти овој пост го оценуваме како невистина.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција