ВМРО-ДПМНЕ: Е-Плаќање на даноци

За поедноставување на даночните процедури и намалување на административните трошоци и времето потребно за плаќање даноци преку интернет, покрај услугите за фирмите кои се големи даночни обврзници, УЈП ќе им овозможи на малите и средни претпријатија како и на физичките лица да плаќаат даноци електронски. На овој начин ќе се елиминира директниот контакт со даночната администрација и ќе се олесни комуникацијата помеѓу (најмногубројните) даночни обврзници и УЈП. Малите и средни даночни обврзници ќе ги користат овие услуги почнувајќи од 2008 година додека услугите за физичките лица ќе бидат достапни почнувајќи од 2010 година. Рок: 2010 година. Од јануари 2012 оваа можност ќе стане задолжителна.

Образложение:

На порталот Е-даноци нема ваква опција, а во Отчетот на ВМРО-ДПМНЕ никаде не се спомнува дека е воведена оваа новост.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција