ВМРО-ДПМНЕ: Бесплатен англиски за судиите и обвинителите

Ќе обезбедиме бесплатна обука за учење англиски јазик за секој судија и обвинител кој не го владее добро англискиот јазик по претходно спроведено тестирање за утврдување на степенот на познавање на англискиот јазик. Ќе воведеме незадолжително и бесплатно изучување на втор странски јазик. Од 2011 година  услов за станување судија и обвинител ќе биде одличното познавање на англиски јазик. Целта е македонските судии и обвинители полесно да ги следат глобалните случувања, најсовремената научна литература и обуките во развиените држави. Рок: континуирано од 2008 до 2012 година.

Образложение:

За таа цел, во текот на минатата година биле организирани курсеви по англиски јазик, и тоа почетни и напредни, кои ги посетувале вкупно 62 судии и обвинители од сите инстанции. Директорката укажува дека општа појава е во почетокот на секоја ваква обука да се пријават голем број учесници, со што се отежнува одвивањето на наставата, за по кратко време голем дел да се откажат и да останат мали групи. – Утрински весник

Во Законот за Академијата за судии и јавни обвинители (член 44), кој што стапил во сила на 10.07.2010, како еден од условите за прием во почетната обука е задолжително познавање на англискиот јазик.

Линкови

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција