Рецензија: Мистериозна македонска народна песна ја опишува смртта на Александар Македонски

05262014-MN-KomarecAleksand-crop-resize

Основниот проблем на тесктот што го рецензираме е што не е јасно определен жанровски. Доколку претендира да биде новинарски текст, тој има еден од најсериозните недостатоци што еден новинарстки продукт треба да ги има: релеватнтни и стручни извори кои ќе ги поткрепат тезите во него или барем ќе изнeсат мислења поврзани со тврдењата застапени во него.

Текстот не е ниту научна анализа, бидејќи некои од поконтроверзните тврдења во овој текст остануваат без неопходните методолошки референци за една научна статија.

Тексот, се осмелуваме да кажеме, не е ниту публицистика, зашто заради тоа што не е ниту новинарство, ниту наука и со тоа не е ниту публицистика, зашто таквите дела се своевиден спој на журнализмот и науката.

Да ги поткпрепиме овие наши тврдења низ рецензијата на овој текст.

05262014-MN-KomarecAleksandЛинк до оригиналниот напис: Мистериозна македонска народна песна ја опишува смртта на Александар Македонски

Датум и време на објавување:14.05.2014

Датум на рецензирање:26.05.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Како прво, станува веќе здодевно секој позначаен лик од историјата на балканските простори да се промовира како Македонец или со македонско потекло. Здодевното станува апсурдно кога дури и митските ликови и суштествата од легендите се прогласуваат за Македонци:

„Верковиќ, не само што открил македонски народни песни за Александар Македонски, туку и за Орфеј, за кого се знае дека бил роден и погребан во Македонија.“

Конфузијата за идентитетот и потеклото на Македонците дополнително се создава и со небулозните теории дека  античките Македонци или Словени од Азија од далечната земја Кинеска:

„…Покрај преданијата и при­казните кај Марваците има и народни песни, многу љубопитни и важни, кои се однесуваат на најдалечното минато; на ова се однесува и песната за доаѓањето на Словените од Азија (од далечната Кинеска земја, како што кажува песната) на Дунав;“

Уфффф, Словени, антички, Кинези…

Но, ајде, одиме понатаму. Објективен дел од овој текст е анализата на песната за Алекаснадар Велики, запишана од страна на познатиот српски собирач на народни творби од 19. век Стефан Верковиќ, и стручно анализирана и обработувана од двајца наши реномирани познавачи на фолклорот д-р Кирил Пенушлиски и д-р Томе Саздов.

Но, за разлика од Пенушлиски и Саздов, кои не се осмелиле да излезат надвор од рамката на науката за фолклорот, во текстот што го рецензираме ни се нуди „проширување на хоризонтите“ за да извлекуваме заклучоци, кои, едноставно, е невозможно да се изведат.

Дури и самата песна го предупредува авторот на овој текст да не заклучува избрзано и да не импровизира. Еве, со овој цитат:

„Во песната е спомнато и дека Александар војувал против “цар Хируда” (што секако дека е производ на имагинацијата на народниот пеач).“

Но, тој, авторот, не запира и покрај предупредувањето и како и покрај сопствениот заклучок дека  ова „е производ на имагинацијата на народниот пеач.

Во текстот продолжува да се плете една верзија на псевдовистината исткаена од митови, преданија и легенди…

„Потоа Александар го сретнал и Исус престорен како старец, ама тој бил Зевс“, толкува авторот… За да стигне до главната поента на неговиот текст – дека оваа песна ја докажува причината за смртта на Александар – од убод од „комаре“, односно комарец што му ја пренел смртоносната болест маларија.

Уште повеќе, текстот загатнува дека допрва треба да се истражува зошто Нобеловата награда за медицина во 1902 му била доделена на британскиот научник Роланд Рос заради тоа што открил дека маларијата ја пренесуваат комарците.

„Факт е дека постојат древни записи во кои се опишани инсекти кои летаат како предизвикуваат непријатности кај луѓето, но во античките извори не постои ниту еден запис во кој пишува дека токму комарците можат да бидат причина за нечија смрт. Рековме дека тоа е откриено на самиот крај на 19 и почетокот на 20 век, а во македонската песна токму комарците се спомнати како причина за смртта на Александар Македонски! Ова навистина претставува мистерија кој допрва треба да се истражува.“

Coup de grace, односно последниот удар на овој текст е „мистеријата која допрва треба да се истражува“ како да не е доволно тоа дека фолклорот е како отворена книга во која секогаш некој нешто допишува (само во една песна ги имате Орфеј, Исус, Ирод…).

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција