Андреј Жерновски: По 10.000 денари за секое новороденче во Центар

544346_560324117331196_501608774_n_941937 Двојно зголемување на помошта за секое новородено дете во Центар – по 10.000 денари за секое новороденче

 

 

 

Образложение:

 

Во февруари 2014 година Општината ги извести семејствата кои имаат постојано живеалиште во Центар и кои имаат добиено принова во текот на 2013 година, да поденасат барање за паричен надомест кој изнесува 5.000 денари.  Истовремено, од Општината информираа дека со Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца, еднократната помош за сите новородени деца во 2014 година  е зголемена  на 7.000 денари.  [Пристапено на: 28.03.2015]

 

На шести март 2015 година Општина Центар  на 58 новороденчиња им подари по 7.000 денари, како и други подароци. Градоначалникот Андреј Жерновски, во таа пригода рече дека Општината особено внимание им посветува на најмладите:

„Детето не значи многу или малку, тоа значи сѐ . Децата се нашата иднина и затоа вратите на Општината се секогаш отворени за идеи за подобрување на животот на децата“.  [Пристапено на: 28.03.2015]

 

Со оглед на тоа што досега (март 2015), износот на  паричниот надоместок за новородено дете во Центар  е зголемен за 2.000 денари, а во изборните проекции од април 2013 година  нема определено прецизен рок  кога оваа еднократна помош  двојно ќе се зголеми (од 5.000 на 10.000 денари),  ветувањето се оценува како неконкретно.

 

Линкови:

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција