ДУИ: Подобрување на Законот за високо образование
ДУИ ќе работи на подобрување на Законот за високо образование со цел да се зајакне и заштити автономијата на универзитетот и академската слобода.
Образложение:
Собранието ги изгласа предлог измените на Законот за високо образование, по скратена постапка законот ги помина сите собраниски процедури. 80 процентна поддршка за Измените на Законот за високо образование покажала анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје, нарачана од Министерството за образование и наука.
Но, за Законот негативно се изјаснија голем број на професори а и ректорот на УКИМ, и покренаа иницијатива до Уставниот суд. Критикуваа дека во еден член се гарантира неповредливоста на просторот и самостојноста на Универзитетот, но во другите одредби се гази автономијата.
Линкови:
- Сител (09.02.2011). Собранието ги изгласа измените на Законот за високо образование. [Пристапено на: 21.05.2011]
- АЛФА ТВ (20.02.2011). Анкета: Измените на Законот за високо образование се добри. [Пристапено на: 21.05.2011]
- Радио Слободна Европа (10.02.2011). Зошто се брза со Законот за високо образование?. [Пристапено на: 21.05.2011]
- АЛФА ТВ (05.05.2011). Иницијативата за Законот за високо образование стигна до Уставен. [Пристапено на: 21.05.2011]
- А1 (21.04.2011). Законот за високо образование е противречен. [Пристапено на: 21.05.2011]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар