ДУИ: Законски измени во областа на радиодифузијата

Во однос на потребните законски измени во областа на радиодифузијата, ДУИ ќе води сметка за усогласување на постојното законодавство со законите, директивите и упатствата на ЕУ.

Образложение:

Според ЕУ:

Законодавството за медиумите се уште не е усогласено со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги, што ја спречува земјата целосно да учествува во МЕДИА-програмата. Освен тоа, Советот за радиодифузија донесе подзаконски акт кој воведува задолжително титлување на говорниот (локалниот) јазик при емитување на странски програми преку кабелска телевизија, што може да се коси со начелата на слобода на прием и реемитување загарантирани со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги. Воведена е дигитална телевизија. Сепак, не беше развиен план за целосен премин на дигитално емитување и користењето на дигиталната дивиденда. Заостануваат подготовките во областа на аудиовизуелната политика.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција