Сè уште нема автоматизирана самопослуга за велосипеди

Системот за самоизнајмување допрва се подготвува Фото: Принтскрин

Со овој проект се планира да се унапреди постојниот систем за изнајмување велосипеди со автоматизирана самопослуга, нови 10 локации вклучувајќи ги и другите катни гаражи, како и набавка на 500 нови велосипеди од сите типови ( Рок: 2014-2015 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ова пред три години, во предизборието за локалните избори во 2013 година, им го вети на скопјани градоначалникот  Коце Трајановски. Во неговата Изборна програма „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Скопје“ , (стр.27), е наведено дека овој проект треба да се спроведе во период (2014-2015) година.  Иако, рокот за реализација посочен во програмата на Трајановски (2015)  е поминат, сепак,  досега (27.04.2016) овој проект е само делумно остварен.

Проект: „Изнајмување велосипеди“ , се спроведува уште од првиот мандат на градоначалникот на Скопје, Трајановски, поточно од 2010 година и започна со 60 велосипеди и три пункта за изнајмување. Цената за изнајмување велосипед ќе остане 10 денари од час, а скопјани  треба да приложат само лична карта или друг документ за идентификација

Според соопштението од  ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, кое беше пренесено во медиумите бројот на пуктовите и на велосипедите за изнајмување

во 2015 година се зголеми и изнесува над 300 велосипеди и 6 пункта за изнајмување

На веб-страницата на ЈП „Градски паркинг“, за услугата „Изнајмување велосипед“, меѓу другото, пишува:

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје располага со 120 велосипеди.

Локација

Во имплементација на овој проект граѓаните на главниот град можат да изнајмат велосипед на пет локации во градот:

  • на јавното паркиралиште Треска

  • на јавното паркиралиште Градска болница

  • на јавното паркиралиште Општа Градска болница „8ми Септември“

  • во Општина Аеродром на зона D3 позади Трговскиот Центар Бисер

  • во катна гаража „Македонска фаланга“

Оваа бројка на постојки/ станици на кои можеше да се изнајми велосипед, во наредната, втора фаза од имплементација е во план постепено да се зголемува, во зависност од расположението и заинтересираноста на граѓаните и посетителите на градот. Исто така, предвидено е да се обезбедат поголем број на велосипеди, велосипеди со две седишта, да се воведе членство (месечно и годишно) со кое корисникот на услугата ќе се здобие со повластени услови при изнајмувањето и сл.

Во март оваа година (2016) во медиумите повикувајќи се на изјава на  директорот на ЈП „Градски паркинг“, информираа дека  дека претпријатието располга со 210 велосипеди за изнајмување и дека е во подготовка автоматски систем за изнајмување.

Во претпријатието подготвуваат проект за самоизнајмување на велосипедите. Практично, тоа значи да се набават велосипеди со електричен магнет кои ќе можат да се изнајмуваат исклучувајќи го човечкиот фактор. Имено, тој што сака да го најми велосипедот да си плати (кеш, со жетон, картичка…) и велосипедот автоматски да се отклучи. „Идејата, проектот е разработен. Треба да се испланира финансиската конструкција и теренски да го реализираме замисленото“, Борче Јакимовски, директор на „Градски паркинг“

Имајќи го предвид сето ова, како и  ветувањето на Трајановски дека „ ќе се  унапреди постојниот систем за изнајмување велосипеди со автоматизирана самопослуга, нови 10 локации вклучувајќи ги и другите катни гаражи, како и набавка на 500 нови велосипеди од сите типови“, ова изборно ветување го оценуваме како делумно исполнето .

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција