Жителите на Пепелиште почекаа за новиот резервоар за водоводот

Проблемите со водоснабдувањето во Пепелиште наскоро би требало да станат минато. Фото: Општина Неготивно

Оградување и довршување на два базена за вода за пиење во с. Пепелиште Со овој базен ќе се обезбедат зголемени резерви на вода и долгорочно ќе се реши проблемот со водоснабдување во с. Пепелиште. Средства: 9 милиони денари Извор на Средства: буџет на Општината Рок на реализација: 2013-2015 година 

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Во изборната програма со која ја побара довербата на гласачите на локалните избори во 2013 година, актуелниот градоначалник на општина Неготино, Ванчо Апостолов, на 34. страница вети и изградба на базен за вода, кој би го подобрил водоснабдувањето во селото Пепелиште. Рокот за исполнување на ветеното, кое треба да значи надминување на досегашните проблеми со недоволни количества вода во селото, е 2015 година. Со оглед на тоа што го утврдивме, исполнувањето на ова ветување е во тек.

Почетокот на работите е после истекот на рокот што Апостолов го наведува во програмата, односно на 26 февруари годинава. Информацијата на веб-сајтот на општина Неготино открива дека проектот, покрај резервоар од 200 кубни метри, предвидува и изградба на соодветен потисен цевковод.

Последната информација за текот на работите е од 30 јуни. Дознаваме дека потисниот цевковод е завршен, а се завршува и резервоарот, за кој овојпат се наведува дека е со волумен од 250 кубни метри. Вишоците вода што нема да бидат употребени во Пепелиште, ќе бидат пренасочувани кон Неготино.

Според тоа што е пласирано како текст и фотографии на веб-сајтот на општина Неготино, може да се заклучи дека новиот резервоар наскоро ќе биде пуштен во употреба. Со оглед на тоа, исполнувањето на ова ветување на Ванчо Апостолов е во тек.

 

ИЗВОРИ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција