Старата чаршија во Скопје беше осветлена на време

 

„Во рок од 90 денови, Старата скопска чаршија целосно ќе се осветли“. (Изет Меџити) Ова го имаше навестено на 12.03.2012, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, по повод почнувањето на градежните работи за реконструкција на осветлувањето во Старата скопска чаршија.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

„Осветлување на Старата чаршија во Скопје“ е заеднички проект на Градот Скопје и општината Чаир кој што имаше за цел зголемување на безбедноста и слободно движење на граѓаните. Беше предвидено проектот да се реализира до крајот на 2012 година. Досега, проектот е реализиран.

„Во рок од 90 денови, Старата скопска чаршија целосно ќе се осветли“. (Изет Меџити)

Ова го имаше навестено на 12.03.2012, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, по повод почнувањето на градежните работи за реконструкција на осветлувањето во Старата скопска чаршија.

„Заедничкиот проект на Градот Скопје и општината Чаир, значително ќе придонесе за слободното движење на граѓаните, за зголемување на безбедноста во чаршијата, и значително ќе придонесе чаршијата да биде попосетена и во ноќните часови, и сето ова во функција на ревитализација и преродба на Старата Чаршија“. (Извор: Илпрес)

Во Чаршијата требаше да се постават 250 канделабри, со околу 427 светилки поставени на нив.

На 25 август 2012 година, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, го промовираше завршувањето на проектот, т.е. новото улично осветлување во Старата чаршија.

„Чаршијата и понатаму ќе остане приоритет во агендата на општината која што ја водам. Чаршијата е целосно осветлена, а тоа што ни преостанува за во иднина е заедно да понудиме содржини за да ги задржиме луѓето во Старата чаршија“. (Извор: Изет Меџити)

Според методологијата на Вистиномер, можеме да заклучиме дека проектот „Осветлување на Старата чаршија во Скопје“ е реализиран.

Извори:

Оцени: Рабие Абази

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Реакциите се онеспособени за овој пост