Преку непрецизен наслов се фрла сомнеж врз безбедноста на вакцините против ковид-19

На објавата што ја анализираме ѝ недостига контект, односно не е прецизно наведена причината поради која двете лица колабирале, на тој начин се создава погрешна слика во јавноста и се шири паника во врска со безбедноста на вакцините против ковид-19. Министерот Филипче јасно кажа дека лицата колабирале поради страв и панични напади, но ова во објавата  е пропуштено

На објавата што ја анализираме ѝ недостига контект, односно не е прецизно наведена причината поради која двете лица колабирале, на тој начин се создава погрешна слика во јавноста и се шири паника во врска со безбедноста на вакцините против ковид-19. Министерот Филипче јасно кажа дека лицата колабирале поради страв и панични напади, но ова во објавата  е пропуштено

 

Пост на Фејсбук преку нецелосни информации, ја манипулира јавноста дека две лица колабирале по примена вакцина против ковид-19 во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Постот не ги наведува причините за колабирањето на лицата и на тој начин се создава перцепција кај читателите дека тие се директно поврзани со вакцината, што не е точно.

Постот пренесува напис со наслов „Koлабирале две лица по примањето на вакцината во Борис Трајковски“ додавaјќи наднаслов „Без коментар“!.

На прв поглед ваквиот наслов наведува на помисла дека лицата колабирале поради вакцината, а тоа може да се види и од дел од коментарите под објавата на Фејсбук.

Им се брза да ги потрошат, гајле им е колку ќе умрат да не им истече рокот на траење зашто Србите одбиваат да се вакцинираат па ги поклонуваат ширум Балканот да не биде толку масовно умирање на едно место.

 

Овие вакцини се за светскиот геноцид што ни го спремаат а народот трчаат за вакцини за еден лажен вирус а за жал уште многу вакви вакцини не чекаат, ова е само почеток.

Но, вистината е поинаква и тоа е наведено во текстот, иако причините за колабирањето на двете лица не се јасно нагласени.

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека во текот на вчерашниот ден двајца граѓани колабирале, но нивната состојба не се доведува во врска со вакцините. 

Во последниве неколку часа во А1 Арената, салата „Борис Трајковски“ се вакцинирани по околу 300 граѓани на час. Двајца граѓани имале колапс, кој не е поврзан со вакцинирањето, рече Филипче.

Министерот Филипче јасно кажа дека лицата колабирале поради страв и панични напади. Ова во објавата што ја анализираме е пропуштено.

Освен две случки на колапс, кој не се поврзува со вакцинирањето туку е поради страв и панични напади, други несакани ефекти нема.

Дека постот е манипулативен говорат и реакциите на читателите во дел од коментарите под него.

Класичен паничен напад, ако било нешто сериозно немаше само да колабираат. Престанете да ширите паника!!! Нека се вакцинира народов, и јас колабирав во Бгд, па еве жива сум.

И што?… треба секоја ситница корисна и некорисна да с еобјави: сигурно недоволно течност примиле или пак се уплашиле од иглата. Колку од нас сме се плашеле од инекции пеницилин па сме припаѓале пред да ни ја стават? Ајде ви се молам само шпекулациии и вреѓање… Дајте нешто попаметно да се охрабри народот!

Од сето ова може да се заклучи дека на објавата што ја анализираме ѝ недостига контект, односно не е прецизно наведена причината поради која двете лица колабирале и на тој начин се создава погрешна слика во јавноста и се шири паника во врска со безбедноста на вакцините против ковид-19. Ова особено од причина што многу луѓе го читаат само насловот на обајвите и врз основа на него формираат мислење. Ваквиот начин на информирање во медиумите може негативно да влијае врз процесот на имунизација.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција