Бајден не рекол дека е роден во Израел

Фото: Принтскрин видео

Тврдењето дека Бајден е роден во Израел беше споделено во напис на руската државна новинска агенција Тас, објавен на 18 октомври 2023 година, во кој се посочува дека портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјавила дека Бајден тврдел дека е роден во Израел. Но, како што се наведува во транскриптот на Белата куќа, Бајден зборувал за тоа како: „Државата Израел е родена да биде безбедно место за еврејскиот народ во светот“. Потоа вели: „Затоа се роди“, а не:„Затоа се родив“. Дополнително, дел од Бајден  е роден во Скрентон, Пенсилванија во 1942година. Државата Израел беше прогласена дури во мај 1948 година

Тврдењето дека Бајден е роден во Израел беше споделено во напис на руската државна новинска агенција ТАС, објавен на 18 октомври 2023 година, во кој се посочува дека портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјавила дека Бајден тврдел дека е роден во Израел. Но, како што се наведува во транскриптот на Белата куќа, Бајден зборувал за тоа како: „Државата Израел е родена да биде безбедно место за еврејскиот народ во светот“. Потоа вели: „Затоа се роди“, а не: „Затоа се родив“. Дополнително, Бајден е роден во Скрентон, Пенсилванија во 1942 година. Државата Израел беше прогласена дури во мај 1948 година

 

 

На објава на социјалната мрежа Фејсбук прикачен е видео исечок од говор на претседателот на САД, Џо Бајден, во кој тој, наводно, вели дека бил роден во Израел. Ова е неточно.

Стрико Џо вели дека бил роден во Израел. Офтики, пишува во објавата.

Склоноста на претседателот на САД, Џо Бајден за лапсуси при неговото јавно говорење стана главна критика меѓу неговите противници, но дел од неговиот последен говор одржан во Израел, се чини дека е погрешно слушнат од некои официјални лица, вклучително и од портпаролката на руското Министерство за надворешни работи. Потоа, така неточно интерпретиран, се споделува на социјалните мрежи како уште еден негов гаф.

Во средата, среде засилениот конфликт меѓу Израел и Хамас, американскиот претседател Бајден одржа говор во Тел Авив, по што руските државни медиуми објавија дека тој во говорот кажал дека е роден во Израел, а оваа невистина се прошири и на социјалните мрежи.

Како што се наведува во транскриптот на Белата куќа, Бајден зборувал за тоа како:

Државата Израел е родена да биде безбедно место за еврејскиот народ во светот.

Потоа вели:

Затоа се роди.

А не:

Затоа се родив, како што неточно што го толкуваат руските медиуми и како што се тврди на социјалните мрежи .

И, оваа невистина се споделува на социјалните мрежи.

Но, од контекстот на говорот на Бајден и утврдените факти за неговото родно место очигледно е дека тој не можел да каже дека е роден во Израел, бидејќи тоа нема никаква логика. Кога ќе се чуе или прочита говорот во целина, јасно е дека тој не рекол оти е роден во Израел.

Дополнително, дел од јавната евиденција е дека Бајден е роден во Скрентон, Пенсилванија во 1942 година. Државата Израел беше прогласена дури во мај 1948 година. Родителите на Бајден се родени во САД со потекло од Обединетото Кралство и Ирска. Уставот бара претседателите да бидат „граѓани родени во САД“.

Тврдењето дека Бајден е роден во Израел беше споделено во напис на руската државна новинска агенција ТАС, објавен на 18 октомври 2023 година во кој се наведува дека портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјавила дека Бајден тврдел оти е роден во Израел.

Токму сега, [американскиот претседател] Бајден истакна дека е роден во Израел. Тоа значи дека тој не смеел да биде избран за претседател на САД, рече таа.

Иако често се случува Бајден да прави гафови, сепак, има голем број погрешни тврдења за него, кои, исто така, ја дополнуваат оваа репутација. Таква е оваа објава која ја оценуваме како неточна. Бајден не е роден во Израел, туку во Пенсилванија во 1942 година, а Израел беше прогласена за држава дури во 1948 година.

 

 



 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција