Бугарски историчар ги нарече бугарските колеги „диносауруси, кои фабрикуваат факти“
„Диносауруси“ вадат „јазични“ декларации и ги дозаплеткуваат работите, а фабрикувањето „факти“ за „македонскиот Крвав Божик“ од 1945 година продолжува и понатаму, без оглед на ситуацијата што реално се случила. Фактите што бугарските историчари ги пласираат, не соодветствуваат на реалноста, порачува бугарскиот историчар, Стефан Дечев, во колумна што ја објави Радио Слободна Европа на бугарски јазик.
Историските факти што ги наведува Дечев, но и некои други Meta.mk ги цитира повеќе од една година во серија текстови посветени на манипулациите и дезинформациите во бугарските медиуми. Така, бугарските неточни наративи за Крвавиот Божик ги демаскиравме уште на 10 јануари минатата година. Пишувавме и за класичната, упорно пропагирана бугарска теза за Гоце Делчев, како и за објективната историографска верзија заснована на руските дипломатски архиви.
„Во предвечерјето на македонскиот Божик, медиумите во Софија беа изобилно поплавени од смеса од вистини, полустивистини и отворени лаги за тн. македонскиот „Крвав Божик“ од 1945 година. Бугарски медиум излезе исто така со лажна вест за кршење по којзнае кој пат на плочата на Мара Бунева во Скопје“, пишува Дечев.
Навистина е зачудувачко како историографската бугарска матрица од 70-те и 90-те продолжува да го информира огромното мнозинство во бугарската историска наука. Во таа смисла и антибугарскиот тон во македонските медиуми не треба да се разгледува вон од присутниот во бугарскиот дискурс омаловажувачки однос кон државата Македонија (од неодамна – Северна Македонија, кое име не мал број Бугари го користат за да го засилат тој однос); практичкото непризнавање на очевидното – постоењето на македонската нација; позицијата за македонскиот јазик.
Критиките, пак, кон МАНУ, доаѓаат без да се има предвид дека на нејзината Повелба сепак претходеше бугарската Рамковна позиција, а не спротивното, пишува Дечев.
Тој се спротивставува на официјалната бугарска теза дека македонската нација е производ на Коминтерната, бидејќи, како што вели, на резолуцијата на ова тело претходела појава на македонска национална свест.
„Јасно е дека на темата „Македонија“ „просветениот национализам“ и екстремизмот на Божидар Димитров тргнуваат од една заедничка матрица. Tезата за македонската нација како „творба од решенијата на Коминтерната“, како и резултат на тоа што тој го дефинира како масовни убиства на стотици Бугари на крајот на 40-тите години (!) на 20-от век. Толку ли е навистина очевидно тоа што со децении во Бугарија се смета за очевидно?
Точно е дека на почетокот на 1934 година политичкиот Секретаријат на Извршниот комитет на Коминтерната усвојува резолуција со којашто го признава постоењето на македонската нација и македонскиот јазик.
Но, располагаме со куп информации за искристализирање на некакво етничко чувство во Вардарска Македонија и пред тоа.
Дечев се осврнува и на еден од големите митови, за наводни масовни егзекуции на илјадници луѓе „само поради тоа што биле Бугари“. Но фактите не го потврдуваат тоа, пишува тој.
„Како што кажавме погоре, деновиве се судривме со слична манипулативност при одбележувањето на тн. македонски „Крвав Божик“ од 1945 година. На многу места се кажува дека тогаш во југословенската Народна Република Македонија биле убиени 1.200 Бугари со цел сузбивање на бугарското сознание и насилна македонизација. Се тврдеше дека при бунт на македонски офицери и војници во Скопје, проследено и од бунт во Штип, биле убиени по заповед на Белград десетици војници на централниот плоштад пред Офицерскиот дом, а за некоку часа и околу 70 офицери. Околу 900 души биле фрлени во скопското Кале и таму умреле од глад. Сето тоа е проследени и од убивање 23.000 Бугари во Охридско и Преспанско. Околу 130.000 Бугари, пак, биле испратени во различни затвори.
Но вистина ли е погоре опишаната апокалиптична слика?
Точно е дека има бунт на 7 јануари 1945 на војници и офицери. Вистина е исто така дека за југословенската македонска историографија тоа со децении било забранета тема. Но бунтот е најмногу дело на македонски националисти и израз на желбата на бунтовниците да не тргнуваат кон Солунскиот фрон и Берлин, туку едноставно да се насочат на југ, да го ослободат Солун и „браќата“ од Егејска Македонија со цел прогласување на „обединета Македонија“. А таа, во нивните претстави, еден ден би го вклучувала и пиринскиот бугарски дел.
Заради споменатиот бунт навистина имало судени, осудени и репресирани. Но ниту има десетици убиени на самиот плоштад, ниту биле убиени 70 офицери, ниту 900 загинале во скопското Кале од глад и жед.. На фонот, пак, на пребројувањата на населението со кои располагаме, наводните 23.000 убиени во Охридско и 150.000 испратени во затвори се фантазии коишто дури и не заслужуваат коментар. Исто така е верно дека има убиства без суд и пресуда. Но тие не се случуваат на Божик, туку во средината на јануари 1945 година. Брутално се убиени градоначалници, чиновници, свештеници, трговци, учители итн. во Велес, Куманово, Штип, Ресен, од кои не мал број се навистина Бугари по убедување. Но помеѓу убиените вообичаено од страна на бугарски автори се вметнуваатт и несоодветно се бројат како „Бугари“ и отворени македонски националисти, коишто се спротивставуваат на одењето на македонската армија на Сремскиот фронт. Заедно со тоа тактички се премолчува дека некои од убиените без суд и пресуда во блиското минато биле поврзани со македонското партизанско движење, кое било насочено против самата бугарска власт. И плус – повеќето од нив биле едноставно антикомунисти, коишто бугарската пропаганда и историографија денеска се обидува да ги претстави како луѓе со бугарско самосознание. Други биле едноставно побогати и етаблирани луѓе, на чиишто имоти фрлила око новата македонска антикомунистичка власт“, пишува Дечев.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар