ДфрЛаб: Фејсбук избриша мрежа поврзана со украинска политичка партија и невладина организација
На 12 јануари 2021 година, Фејсбук објави дека отстранил мрежа на страници поврзани со украинската политичка партија Европска солидарност, како и невладината организација „Справа Громад“. Повеќето од страниците биле фокусирани на регионалните вести, а дел биле или патриотски или сатирични страници кои го исмевале украинскиот претседател Владимир Зеленски, пишува „Дфр Лаб“.
Луѓето кои стојат зад оваа активност користеле лажни профили за да создадат измислени лица со цел да да ја избегнат контролата од Фејсбук, за да управуваат со страници и објавуваат во групи именувани по градовите во Украина. Тие, исто така, споделувале содржини од официјалните страници на политички партии и политичари, ги лајкувале и коментирале објавите на другите луѓе за да изгледаат попопуларни отколку што биле. Оваа мрежа објавувала на украински и руски јазик вести за политиката во Украина, вклучително и коментари за поддршка на партијата Европска солидарност и нејзините кандидати, за невладината организација „Справа Громад“, за поранешниот претседател Порошенко, како и критики кон претседателот Зеленски. Дел од овие содржии беа оценети како лажни од страна на локалните проверувачи на факти.
Украина спроведе локални избори на 25 октомври 2020 година. Партијата за европска солидарност освои 10,73 проценти од сите места во локалните совети.Оваа партија се идентификува како либерална конзервативна и е во спротивност со мнозинството на Зеленски. Партијата е организирана околу екс-претседателот Петро Порошенко, кој убедливо изгуби од Зеленски. „Дфр Лаб“ ја анализираше јавната содржина на 34 страници, од кои сите освен една, беа создадени во декември 2019 година. Тие активно промовираа содржина едни од други, засилувајќи ги патриотските блогери како и објавите, активностите и настаните на невладината „Справа Громад“. Неколку страници повикуваа на поддршка на оваа невладина организација. Целата анализа за тоа коко функционриаше оваа мрежа на пропаганда во Укранина може да прочитате тука.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар