Доктор Зеленко починал од канцер

Фото: Принтскрин видео

Владимир Зеленко е американски семеен лекар и автор познат по тоа што го промовираше третманот од хидроксихлорокин, цинк сулфат и азитромицин, како дел од експериментален третман против ковид-19 за пациенти кои не се хоспитализирани. Докторот имаше контроверзни ставови за ковид-19, но спротивно на изнесеното во постот што го рецензираме, не беше „замолчен од сатанистите“, туку  почина од канцер

Владимир Зеленко е американски семеен лекар и автор познат по тоа што го промовираше третманот од хидроксихлорокин, цинк сулфат и азитромицин, како дел од експериментален третман против ковид-19 за пациенти кои не се хоспитализирани. Докторот имаше контроверзни ставови за ковид-19, но спротивно на изнесеното во постот што го рецензираме, не бил „замолчен од сатанистите“, туку  починал од канцер

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се тврди дека сатанистите го замолчиле доктор Владимир Зеленко. Oбјавата се однесува на смртта на лекарот, којашто според наведеното, наводно е резултат на некакво замолчување од страна на сатанистите поради тоа што доктор Зеленко бил против вакцинацијата

Сатанистите го замолчиле докторот!
Беше против вакцинација ,по негов совет го лечеја од ковид 19 Трамп ,на 49 години тешко дека умрел природно ,учествуваше во освестувањето и спречи милиони луѓе да се вакцинираат ,знаеше дека ковидот не е вирус туку труење со нешто,  се вели во постот.

Кој е доктор Владимир Зеленко?

Станува збор за американски семеен лекар и автор познат по тоа што го промовираше третманот од хидроксихлорокин, цинк сулфат и азитромицин, како дел од експериментален третман против ковид-19 за пациенти кои не се хоспитализирани, а којшто третман го нарече Зеленко протокол.

На 23 март 2020 Зеленко објави отворено писмо до тогашниот американски претседател Доналд Трамп каде тврдеше дека успешно третирал стотици пациенти со ковид-19 со петдневен третман кој веднаш привлече внимание. Во тоа време се вршеа тестирања за да се испита адли хидроксихлорокин и азитромицин се ефикасни за третман на ковид-19. Американската агенција за храна и лекови советуваше против употребата на хидроксихлорокин за ковид-19 надвор од болница поради ризикот од проблеми со срцевиот ритам.

Во 2021 година Зеленко почна да продава суплемент наречен Зи Стек, кој содржи цинк и неколку витамини, а за кој нема докази дека го подобруваат имунитетот или дека превенираат хоспитализација против ковид-19. Потоа Зеленко во јануари 2022 невистинито тврдеше дека децата имаат поголем ризик да починат од вакцина против ковид-19, отколку од самиот ковид.

Лекарот имаше контроверзни ставови за ковид-19, но во ниеден случај не беше замолчен. Спротивно на изнесеното во постот што го рецензираме, тој не почина како резултат на тоа што го замолчале сатанистите, туку од канцер.

Светскиот совет за здравје со тага ги прими вестите за смртта на доктор Зеленко после неговата долга борба со канцерот. Тој беше пасиониран и посветен лекар кој неуморно се бореше за своите пациенти. Ќе го запаметиме по неговата храброст и одлучност кога е соочен со тешкотии. Нашите мисли се со неговото семејство, пациентите и пријателите во овие тешки времиња, изразија сочувство на страницат а на Светскиот совет за здравје.

„The times of Israel“, исто така, објави дека Зеленко починал после долгогодишна борба со канцерот.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека доктор Зеленко починал бидејќи бил замолчен од сатанистите, ниту пак, поради некаква негова активност околу третманот против ковид-19, туку ја изгубил битката со ракот што ја водел долго време.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција