ДУИ: Борба против невработеноста и создавање нови работни места
Борба против невработеноста и создавање нови работни места, особено за младите ќе продолжи со поголема динамика; Ќе се спроведе проактивна политика за вработување, посебно кај младите во руралните области.
Образложение:
Според последниот извештај на ЕУ за 2010, невработеноста во 2009 година остана многу висока на 32,2% и продолжи да се зголемува во 2010 година. Околу 24% од невработените се на возраст помеѓу 15 и 24 години. Невработеноста кај оваа возрасна група остана многу висока на околу 55% (јуни 2010 година). Нивото на невработеност останува многу високо, особено кај помладите лица и помалку образованите.
Линкови:
- Европска комисија (09.11.2010). Извештај за напредокот на Република Македонија 2010. [Пристапено на: 24.05.2011]
- Ф.М. Претприемач. Рекордна невработеност на младите во Македонија. [Пристапено на: 24.05.2011]
- Марија Мининчиќ. АЛФА-ТВ (18 мај 2010). Над 50% од младите во Македонија невработени. [Пристапено на: 24.05.2011]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар