ДУИ: Проширување на патот Арачиново-Никуштак-Липково
За почеток ќе се изврши поправање, а потоа и реконструкција и проширување на патот. Во ветувањето се вели дека Демократската Унија за Интеграција ќе продолжи да ги фаворизира проектите од патната инфраструктура со цел да овозможи функционално патно поврзување со соседните држави и со паневропските коридори. Меѓу регионални проекти во Македонија, кои се предвидени во 2011 година и кои ќе сереализираат и во наредниот период е и проширувањето на патот Арачиново-Никуштак-Липково. [Рок: 2011-2015]
Образложение:
Нема расоположливи информации, кои би потврдиле дека проектот за проширување на патот Арачиново-Никуштак-Липково е започнат во текот на 2011 година.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар