ДУИ: Ранг листа на образовни институции

Ќе ја преиспитаме мрежата на високото образование земајќи ги како основа следниве принципи: врз основа на надворешна евалуација од институции со кредибилитет, ќе објавиме ранг-листа на институции според  квалитетите.
Во согласност со тоа, во втората фаза ќе се направи преглед на финансиската политика на институциите на високото образование врз основа на нивниот квалитет како критериум, а нема да се исклучуваат и приватните институции од ова конкурентност.

Образложение:

Министерот за образование Никола Тодоров и извршниот директор на Центарот за светска класа универзитети од престижниот Џао Тонг универзитет од Шангај Јинг Ченг во јануари годинава потпишаа договор, според кој сите приватни и државни универзитети ќе бидат рангирани до крајот на 2011 година. Овој центар ќе ги рангира универзитетите според ефикасноста на предавањето, истражувањето, социјалните сервиси на универзитетите, но и според стапката на невработеност на дипломираните.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција