ДУИ: Забрана за влијание врз медиумите
Стратегијата на ДУИ во однос на медиумите е да се забрани секаков вид на влијание на политичките и бизнис центри и овозможување на нив да се развиваат во демократска средина.
Образложение:
Најнова критика во последниот извештај на ЕУ за 2010, беше за сериозноста на нарушувањето на слободата на изразување во Македонија. Бројот на давачки за клевета и закана на новинари е дуплиран и медиумите и понатаму се предмет на политичко и економско влијание. Преставници и меѓународни организации укажуваат на поразителни состојби во медиумската сфера и демонстративно се бара од институциите, политичките центри и медиумските сопственици да овозможат неселективна примена на регулативата и слободно функционирање на медиумите без какви било притисоци.
Линкови:
- Европска комисија (09.11.2010). Извештај за напредокот на Република Македонија 2010. [Пристапено на: 24.05.2011]
- Радио Слободна Европа (03.05.2011).Слободата на медиумите во Македонија е загрозена, тврдат организациите. [Пристапено на: 24.05.2011]
- А1 (06.05.2011).Брисел бара слобода за медиумите. [Пристапено на: 24.05.2011]
- Тони Гламчевски. Дојче Веле (03.05.2011). Медиумската ситуација во Македонија не се подобрува. [Пристапено на: 24.05.2011]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар