Екологистите алармираат за ТЕЦ Осломеј и за Југохром

И Владимир Пешевски даде цврсто ветување за „Југохром“. Фото: Принтскрин

Од „Еко-свест“ порачаа и дека годишно поради загадувањето од двете термоелектрични централи, во Македонија годишно 60 деца заболуваат од бронхитис.

 

Од „Еко-свест“ порачаа и дека годишно поради загадувањето од двете термоелектрични централи, во Македонија годишно 60 деца заболуваат од бронхитис.

Во еден ден две граѓански здруженија изреагираа на состојбите и постапките на властите за големи загадувачи во Македонија. „Еко Герила“, која досега со голем број прес-конференции и герила акции се обидуваше да ги алармира и власта и јавноста дека комбинатот „Југохром“ е голем загадувач, потсети дека на 2 ноември истекува рокот што е даден за поставување филтри. Здружението „Еко-свест“ пак ја алармираше јавноста дека власта организирала јавна расправа за Студијата за проценка на влијанието на модернизацијата и рестартирањето на ТЦ Осломеј без да ја информира јавноста и дека планира да продолжи со користење на неквалитетниот лигнит во ТЕЦ „Осломеј“ и РЕК „Битола“.

 

Здружението „Еко Герила“ од Тетово потсети дека на вчерашниот ден рок кој пред две години Владата на Република Македонија ја одреди на фабриката Југохром за да постави филтри и порача дека не смее да се дозволи повеќе Југохром неказнето да загадува. Еко Герила преку видео потсети на ветувањата на вицепремиерите Абдулаким Адеми и Владимир Пешевски дека власта нема да дозволи „Југохром“ да работи без филтри после февруари 2014 година, како и дека комбинатот има строги рокови. Но од тоа нема речиси ништо, порачаа тетовските екологисти.

Денес истекува рокот кој пред две години Владата на Република Македонија ја одреди на фабриката Југохром, со надеж дека  ќе се прилагоди со еколошките стандарди и со гаранција дека од утредента Југохром ќе работело со филтри. Југохром имал повеќе од две години да го реши овој проблем, бидејќи Законот кој бара да се постават филтри во фабриките постои од 2005 година.

Фактот што Југохром ги злоупотреби сите досегашни рокови и проаѓа неказнето од Министерството за  екологија и Владата, фактот што Јавното обвинителството на Тетово, не прифатило да процесира ниту една кривична тужба против овој загадувач, како и молчењето на многу институции за овој проблем, ни ја губи надежта дека проблемот со згадувањето со кој се соочуваат граѓаните на Тетово ќе се реши.

Тоа што го забележуваме на терен е дека не гледаме ниту Ф од филтрите. Секој обид да се даде друг рок на овој загадувач, ни дава сериозни сомнежи за голема корумпирана афера, во која можно е да се вклучени двете владини партии.

Ние, бараме само и само да се почитува Уставот на РМ, што многу јасно го одредува основното право за чиста животна средина. Ниту една владина одлука не  треба да биде над Уставот. Нулта толеранција, здравјето на граѓаните пред се, порача здружението „Еко Герила“ од Тетово.

„Еко-свест“, пак аламираше дека без да се информира јавноста, организирана е јавна расправа за рестартирање на ТЕЦ „Осломеј“ и алармираше дека евентуалното рестатирање ќе значи уште еден удар за животната средина во Македонија. Потсетуваат дека се истражени негативните ефекти од користењето лигнит врз здравјето на луѓето и животната средина, како и на тоа дека Македонија е потписник на Парискиот договор за климата, а рестартирањето на „Осломеј“ е спротивно на договорот. Порачаа и дека годишно поради загадувањето од двете термоелектрични централи, во Македонија годишно 60 деца заболуваат од бронхитис.

kolkucinizivotot1

Би сакале да ја информираме јавноста дека на 29/09/2016 година се случила јавна расправа за Студијата за оценка на влијанието на модернизацијата и рестартирањето на Т.Ц. Осломеј врз животната средина. За јавната расправа јавноста не била претходно известена, соооштение нема на веб страната на АД Електрани на Македонија, ниту на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање, а соопштение нема и на гласилата на засегнатата општина Кичево.

Единствено соооштение до кое дојдовме ние е веста објавена во неколку македонски медиуми за веќе оддржана јавна расправа објавена неколку дена отпосле, односно на 03/10/2016 година, иако според Законот за животна средина инвеститорот има законска обврска да ја извести јавноста најмалку во едно дневно гласило на Републиката и на интернет страницата на органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина.

Би сакале да потсетиме дека во декември 2016 Република Македонија и официјално стана потписник на Парискиот договор за клима со кој се обврзува да ја намали употребата на фосилни горива, до нивно конечно исфрлање од употреба и замена со обновливи извори на енергија со цел да се спречат натамошните катастрофални последици од климатските промени.

И покрај превземените обврски со овој договор Република Македонија планира и понатаму да користи домашен лигнит, кој освен што е со нискокалорична вредност, предизвикува и огромни штети по здравјето на луѓето и климата. Плановите предвидуваат и употреба на увозен јаглен, кој освен што има негативни здравствени ефекти, потребно е и да се транспортира со што би се генерирале дополнителни стакленички гасови.

Според здравствената студија „Колку чини животот“ изработена во 2014, секоја година како резултат на загадувањето од термоелектраните во Битола и Осломеј од бронхитис заболуваат 60 деца.

Еко-свест и Фронт 21/42, веќе трета година спроведуваат кампања за „Градење партнерства за заштита на климата во Македонија“ која вклучува работа на усогласување на термоелектраните на лигнит (ТЕЦ Битола и Осломеј) со стандардите на ЕУ како и со новата Директивата за индустриски емисии. До сега во неколку наврати сме побарале директно учество во донесувањето одлуки поврзани со термоелектраните на лигнит до Министерството за животна средина. За жал, и покрај нашето залагање за учество во донесување одлуки поврзани со термоелектраните на лигнит, не бевме директно информирани за овој процес.

Веќе евидентиравме бројни прекршувања во постапките за информирање и учество на јавноста во носењето одлуки кои ги засегаат и испратен е допис до надлежните институции, се вели во реакцијата на „Еко-свест“.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција