Еувсдисинфо: Што се случи во 2020?

Оваа – 2020 година наскоро ќе заврши. За многумина беше година на предизвици, којашто донесе не само глобална пандемија, туку и инфодемија: невиденa поплава на лажни или неточни информации за коронавирусот. За жал, про-Кремљ медиумите активно придонесоа во разгорувањето на инфодемијата, покрај пронаоѓањето на многу други можности за ширење на дезинформации, засилување на теориите на заговор и сеење збунетост, страв и недоверба, пишува „Еувсдиснфо“.

Протести поради расна правда и претседателските избори во САД, храбрата борба на Белорусите за нивните граѓански права, труењето на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални – се само некои од клучните настани за оваа година кои го привлекоа вниманието и дезинформациите на про- Кремљ медиумите.

Оваа година, EUvsDisinfo  во јавната база на податоци додаде над 3.000 примери на дезинформации на про-Кремљ медиумите, а над 170 примери на дезинформација на овие медуми беа детектирани само за случајот на труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Истрагите и обелоденувањето на овие дезинформации, исто така, покажува дека вистината – колку и да е добро скриена – на крајот излегува на виделина. И, тоа е утешна мисла додека доаѓа крајот на 2020 година, додаваат од „Еувсдисинфо“.

Целиот напис за прегледот на наративите, изворите и дезинформациите детектирани во 2020 година од  „Еувсдисинфо“,  може да го прочитате тука.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција