Евакуацијата на авионот во Јапонија не траела 90 секунди, туку 18 минути

Фото: Steven Byles, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons, 2022

Авиокомпанијата Џапан ерлајнс соопшти дека евакуацијата започнала речиси веднаш по застојот на авионот и дека сите патници биле однесени на безбедно за помалку од 20 минути. Иако, екипажот бил обучен за евакуацијата во 90 секунди, сепак поради сите компликации кои што се случиле поради пожарот, евакуацијата траела подолго, но, за среќа завршила успешно и нема настрадни лици.

Авиокомпанијата Џапан ерлајнс соопшти дека евакуацијата започнала речиси веднаш по застојот на авионот и дека сите патници биле однесени на безбедно за помалку од 20 минути. Иако, екипажот бил обучен за евакуацијата во 90 секунди, сепак поради сите компликации кои што се случиле поради пожарот, евакуацијата траела подолго, но, за среќа завршила успешно и нема настрадани

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук изнесува спектакуларно тврдење дека евакуацијата на патниците и екипажот на запалениот авион во Јапонија траела само 90 секунди, односно дека речиси 400 луѓе биле изнесени на безбедно за минута и пол. Ова не е точно.

А сега една вистинска сторија

Евакуацијата на 367 патници и 12 членови на екипажот од авионот на Japan Airlines траеше само 90 секунди. Повторувам:

90 секунди! Ништо помалку од чудо или најдобро професионално извршување на евакуација од книгата за верувале или не.

Авион на Џапан ерлајнс со стотици патници се судри со авион на крајбрежната стража и се запали при слетувањето на аеродромот Ханеда во Токио во вторникот (02.01.2024). Како резултат на несреќата загинаа пет од шесте членови на екипажот на авионот на крајбрежната стража, но сите 367 патници и 12 членови на екипажот на Џапан ерлајнс ја преживеаја несреќата.

На социјалните мрежи и медиумите можеа да се забележат снимки и слики кои покажуваат како патниците викаат возбудени во кабината на авионот исполнета со чад и трчаат преку асфалтот, откако избегале преку тобоганите за евакуација.

Сите 367 патници и 12 членови на екипажот беа евакуирани од запалениот патнички авион, а пожарот бил изгаснат откако горел повеќе од шест часа.

Иако евакуацијата на патниците и екипажот била навистина беспрекорна, таа не се случила за 90 секунди како што се тврди во објавата. За евакуацијата било потребно повеќе време.

Системот за известување за време на летот на авионот не функционирал за време на евакуацијата, па членовите на екипажот користеле мегафони за да даваат инструкции, информираат од Џапан Ерлајнс.

Еден од патниците сведочи за Ројтерс дека и покрај тоа што некои патници биле многу вознемирени, екипажот брзо ги распоредил каналите за евакуација и луѓето почнале да се симнуваат на уреден начин.

Авиокомпанијата соопшти дека евакуацијата започнала речиси веднаш по застојот на авионот и дека сите патници биле однесени на безбедно за помалку од 20 минути.

Ед Галеа, професор и директор на Инженерската група за заштита од пожари на Универзитетот во Гринич во Британија, ја нарече евакуацијата на Џапан Ерлајнс 350 „чудесна работа“.

Меги Кувасаки, портпаролка на Џапан Ерлајнс, во е-пошта за Њујорк Тајмс изјавила дека поради пожарот само три врати биле користени за евакуација. Членовите на екипажот на Џапан Ерлајнс се обучени да ги евакуираат сите патници во рок од 90 секунди, вели Кувасаки. Авионот слетал во 17:47, а екипажот можел да потврди дека сите патници биле евакуирани до 18:05 часот, додаде таа.

Иако екипажот бил обучен за евакуацијата во 90 секунди, сепак поради сите компликации кои што се случиле поради пожарот, евакуацијата траела подолго, но за среќа завршила успешно и нема настрадни лици. Експертите велат дека тоа што патниците ги оставиле нивните вредни и лични предмети зад себе е „главен фактор“ за брзината на евакуацијата, при што последното лице било евакуирано непосредно пред леталото целосно да биде зафатено во пламен на пистата на аеродромот. Авионот бил наведнат со носот надолу што го отежнувало движењето на патниците.

Повеќе светски медиуми како и самата авиокомпанија, потврдија дека на екипажот на авиокомпанијата им биле потребни 18 минути да ги евакуираат сите речиси 400 луѓе од авионот, а не 90 секунди односно минута и пол како што се тврди во објавата. Затоа, оваа објава ја оценуваме како неточна.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција