Фејсбук пост пропагира да не се носат заштитни маски

Наспроти тоа што го заговара оваа манипулативна содржина, ставовите на здравствените власти кај нас, како и препораките на Светската здравствена организација (СЗО)  јасно сугерираат дека маските се исклучително важни за заштита од коронавирустот и за спречување на ширењето на болеста.  Според повќе стручни меѓународни извори носењето маски не е штетно – не предизвикува плеврит, ниту канцер, ниту, пак, го намалува нивото на pH вредноста на крвта

Наспроти тоа што го заговара оваа манипулативна содржина, ставовите на здравствените власти кај нас, како и препораките на Светската здравствена организација (СЗО)  јасно сугерираат дека маските се исклучително важни за заштита од коронавирустот и за спречување на ширењето на болеста.  Според повќе стручни меѓународни извори носењето  маски не е штетно – не предизвикува плеврит, ниту канцер, ниту, пак, го намалува нивото на pH вредноста на крвта

 

 

Пост на Фејсбук манипулира дека е штетно да се носат заштитни маски и повикува да не се почитуваат мерките на Кимисијата за заразни болести. Во него се вели:

Да кажеш дека маските не се штетни,а штетно било да шеташ низ Планина и Парк, треба не да си ретардиран, не да си имбецил,треба мозокот да ти е исушен.

Ги жалам тие што ги слушаат лудите мерки на комисијата.

Во прилог на објавата има и три фотографии со коишто се исмева оваа мерка на здравствената комисија.

Наспроти тоа што го заговара оваа манипулативна содржина, ставовите на здравствените власти кај нас, како и препораките на Светската здравствена организација (СЗО) јасно сугерираат дека маските се исклучително важни за заштита од коронавирустот и за спречување на ширењето на болеста.

Во Северна Македонија обврската за задолжително носење заштитни маски во сите јавни затворени простори, како и на отворени простори, каде што нема можност за одржување дистанца од два метра, како што се: пазари, отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично, се воведе на крајот на април, а стапи на сила од први мај.

Од 29 октомври носењето на лична заштита на лицето стана задолжително и на отворен простор, откако  Собранието ги усвои измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Светската здравствена организација (СЗО) на почетокот на пандемијата препорачуваше дека маска треба да носат само оние кои се болни и имаат симптоми, како и здравствените работници и оние кои се грижат за лица заразени со коронавирусот. Во јуни СЗО ги прошири своите препораки  за заштитните маски. Тогаш оттаму соопштија дека за да се спречи ширењето на коронавирусот маските треба да се носат во јавност кога социјалната дистанца е невозможна – како во јавен транспорт или продавници.

На  веб-страницата на СЗО посветена на ковид-19 има посебна секцијата за маски – која е апдејтирана на 1 декември, каде се вели дека:

Маските се клучна мерка за сузбивање на преносот и спасување животи.

Маските треба да се користат како дел од сеопфатниот пристап „Направи сè!“, вклучувајќи: физичко растојание, избегнување преполни, затворени и тесни простории за контакт, подобрување на вентилацијата, чистење на рацете, покривање на кивање и кашлање и многу повеќе.

Здравствените власти во повеќе наврати укажуваат дека маските заштитуваат од ковид-19, но и од настинки и од загадениот воздух.

Маската штити од Kовид-19, настинки и од аеро загадувањето. Кога се спортува маска не треба да се носи, но на отворено при контакт со група на луѓе кои поради кашлање и кивање може да се влезе во близок респираторен контакт. Во овој случај маската штити од трансмисија на вирусот. Да ги почитуваме мерките, така го штитиме сопственото здравје и на здравјето на сите околу нас, неодамна апелираше Министерот за здравство, Венко Филипче  преку социјалните мрежи

На официјалната Фејсбук страница на министерот Филипче, постојано има повици на здравствени работници, кои апелираат да се носат заштитни маски.

 

НОСЕЊЕТО МАСКИ  НЕ Е ШТЕТНО

Да се наречат мерките за заштита од коронавирусот „луди“ и да се пропагира да не се носат заштитни маски, е крајно неодговорно. Тврдењето дека маските се штетни е паушално нафрлено и неосновано. Според повеќе стручни меѓународни извори носењето  маски не е штетно, не предизвикува плеврит, ниту канцер, ниту, пак, го намалува нивото на pH вредноста на крвта.

Светската здравствена организација борејќи се со лажните вести за ковид-19 објави факти за коронавирусот, каде, меѓу другото, се вели:

Продолжената употреба на медицински маски може да биде непријатна. Сепак, тоа не доведува до интоксикација со СО2, ниту до недостаток на кислород.

Американската белодробна асоцијација експлицитно демантира дека маската предизвикува ниски нивоа на кислород во организмот.

Проверувачите на факти во британскиот сервис Би Би Си,  оцениле  дека не е точно тврдењето оти носењето маска доведува до ризик од тумори. Во својата анализа  Би Би Си. го цитира професор доктор Кит Нил, експерт за инфективни заболувања, кој вели:

Хирурзите носат маски со часови додека оперираат пациенти и немаат никаков проблем

Сервисот за проверка на факти на агенцијата Франс прес, оцени дека носењето маски не предизвикува плеврит, повикувајќи се на Д-р Леон ван ден Тоорн, претседател на Холандското здружение на лекари за белодробни заболувања и туберкулоза и пулмолог од Медицинскиот центар на универзитетот Еразмо. Д-р Леон ван ден Тоорн го отфрла тврдењето дека маските предизвикуваат плеврит како „целосна глупост“. На страниците на „Вистиномер“ има повеќе рецензии каде се дебанкитрани вакви и слични непоткепени тврдења за заштитните маски.

Јасно се забележува дека интенцијата на целата објава е да пропагира неносење заштитни маски, што е опасно по јавното здравје во ситуација кога секојдневно има поразителни статистики на новозаболенни и починати од ковид-19. Според СЗО, досега (24.12.2020)  се потврдени   77.228.903  случаи на ковид-19  и 1.718.470 починати во светот, во Македонија  се регистрирани 79.190 заболени, а починале 2.340 лица.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција