Фотографија од комеморација на ирански генерал претставена како лажен погреб на починати од ковид-19

Фото: Фејсбук

Објавената фотографија нема никаква врска со исцениран погреб на починати од ковид-19. Станува збор за комеморативна церемонија во Иран, во јануари 2021 година по повод годишнината од убиството на иранскиот генерал Касам Сулејмани. Тој загина во напад на американско беспилотно летало заедно со уште девет други лица на 3 јануари 2020 година

Објавената фотографија нема никаква врска со исцениран погреб на починати од ковид-19. Станува збор за комеморативна церемонија во Иран, во јануари 2021 година по повод годишнината од убиството на иранскиот генерал Касам Сулејмани. Тој загина во напад на американско беспилотно летало заедно со уште девет други лица на 3 јануари 2020 година 

 

Во објава на социјалната мрежа Фејсбук се споделува фотографија за која се тврди дека е лажно исцениран погреб на починати лица од ковид-19 и дека тоа е потврда дека коронавирусот не постои, а дека вакцините убиваат луѓе. Но, вистината е дека фотографијата нема никаква врска со ковид-19.

Во објавата пишува:

Од “корона” филмовите ја издвојуваме сцената каде што кутии од банани глумат ковчези со мртовци…

(2020)

Целта беше да се исплаши народот,да се в@кцинира и со тоа навистина да се убие….

На фотографијата прикажани се луѓе кои стојат зад ред кутии покриени со цвеќиња и иранско знаме. Од страната на едната кутија се гледа илустрација од компанија за банани. И ова е доволно за на социјалните мрежи да се тврди дека станува збор за исценирани, односно лажни погреби на жртви од ковид-19. Но, фотографијата нема никаква врска со пандемијата туку покажува нешто сосема друго.

Станува збор за фотографија од комеморативна церемонија во Иран, во јануари 2021 година по повод годишнината од убиството на иранскиот генерал Касам Сулејмани. Тој загина во напад на американско беспилотно летало заедно со уште девет други лица, на 3 јануари 2020 година.

Официјалната страна на иранската влада објави неколку фотографии од оваа комеморација одржана во Министерството за енергетика на Ирак, кои потврдуваат дека фотографијата на Фејсбук објавата што е предмет на оваа рецензија е од истиот настан.

Ова значи дека тврдењето дека се покажува исцениран погреб на жртви од ковид-19 е невистинито. Тврдењето се користи за да се тврди дека ваков погреб бил исцениран за да се исплаши народот за да се вакцинира, а со тоа и „навистина да се убие“.

Ова е уште една голема лага која се користеше во текот на пандемијата откако во оптек беа пуштени вакциниte против ковид-19, а тимот на „Вистиномер“ во повеќе наврати изминатите месеци дебанкираше вакви тврдења кои масовно се ширеа на социјалните мрежи.

Вистината е дека вакцините не убиваат, тие спасуваат животи.

На официјалната страница на Министерството за здравство во делот „Сè за вакцините“ детално е опишана нивната безбедност, ефикасност и евентуалните несакани ефекти.

Наспроти тенденциозното и неточното тврдење, бенефитот од вакцините е неспорен. Тоа го покажаа анализите на Министерството за здравство (МЗ) во времето на поголемите пикови од пандемијата.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, се вели во еден од извештаите на МЗ.

И Светската здравствена организација и Центарот за превенција од болести на САД со факти од експерти вклучувајќи лекари, истражувачи, научници, епидемиолози и аналитичари ги поби бројните митови и лаги кои се ширеа во јавноста во однос на штетните последици од вакцините.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека фотографијата од комеморација на ирански генерал е објавена во погрешен контекст и донесена во корелација со коронавирусот.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција