Фотографијата не прикажува американски брод погоден од „налутен партнер“, туку бродска несреќа во Шри Ланка

Фото: Принтскрин видео

На фотографијата од објавата што ја рецензираме се наоѓа бродот X-Press Pearl, кој се запали во 2021 година и беше натоварен со запаллива материја. Несреќата се случи во близина на Шри Ланка. Бродот нема никаква врска со американски брод погоден од некој налутен партнер, како што невистинито се тврди во објавата

На фотографијата од објавата што ја рецензираме се наоѓа бродот X-Press Pearl кој се запали во 2021 година и беше натоварен со запалива материја. Несреќата се случи во близина на Шри Ланка. Бродот нема никаква врска со американски брод погоден од некој налутен партнер, како што невистинито се тврди во објавата

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук на која е прикажан брод во пламен и пишува:

Амерички брод. По грешка погоден од некој налутен партнер.

На фотографијата не е претставен американски брод погоден од налутен партнер, туку станува збор за брод кој пренесува карго, односно на него имало натоварено запалива материја. Видеото од несреќата е објавено пред две години, а на 13 секунда од истото може да се забележи сцената од фотографијата споделена во објавата што ја рецензираме. Медиумите известуваа за оваа несреќа и наведоа дека се случила во Шри Ланка на 20 мај 2021 година. Според информациите во медиумите, пожарот траел неколку дена на бродот X-Press Pearl. Пожарот го предизвикале запаливи хемикалии кои биле пренесувани на бродот кој пловел под знаме од Сингапур. Бродот пренесувал 1.486 кутии, вклучително и нитратна киселина и други хемикалии. Пет бродови биле ангажирани во гаснењето на пожарот пет дена по ред.

X-Press Pearl беше Супер Еко 2.700 класа карго брод. Тој почнал да се користи во февруари 2021 година и бил долг 186 метри.

На 20 мај 2021 година бродот се запали на брегот близу Коломбо, Шри Ланка. Каргото беше во пламен до 27 мај и сосема беше уништено. Пожарникарите од Шри Ланка го ставија под контрола пожарот исто на 27 мај 2021 година. После 12 дена од првичното горење, тој потона на 2 јуни, додека беше влечен во подлабоки води. Инцидентот беше прогласен за една од најголемите еколошки катастрофи во историјата на Шри Ланка поради хемиските супстанции коишто беа излеани. Нитратната киселина што била превезувана на X-Press Pearl се користи за производство на експлозиви.

За пожарот познато е дека екипажот од бродот уште на 11 мај 2021 забележал оти од една од кутиите, натоварена во пристаништето Џабел Али, во близина на Дубаи во Обединетите Арапски Емирати течела нитратна киселина и побарал од две пристаништа да дозволат контејнерот да биде истоварен, но не добиле дозвола. Според  компанијата сопственик на бродот, барањето било одбиено поради тоа што немало специјални објекти или експертиза за да се справат со киселина што истекува, така што бродот продолжил на своето планирано патување до Коломбо кое заврши трагично.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита. На фотографијата не се наоѓа американски брод погоден од некој налутен партнер, туку карго брод кој пловел под знаме на Сингапур, кој пренесувал запалива материја, а несреќата се случила во близина на Шри Ланка. 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција