Газпром извезува помалку, заработува повеќе, но тоа не може да трае
Извозот на рускиот гас бележи значителен пад во Европа и таквиот пад само ќе се зголеми уште повеќе идната година како резултат на онеспособувањето на Северен тек 1 и 2, како и одлуката на Путин да води енергетска војна со Западот. Газпром годинава заработи куп пари заради високите цени на гасот. Европа можеби ја чекаат една или две тешки зими со отежнато снабдување, но економските и финансиските капацитети на стариот континент, споредено со оние на Русија, се многу поголеми и прашање е колку на Кремљ му одговара да го изгуби својот најголем извозен пазар на гас со години во иднината

Пишува: Владимир Петрески
КИНА НЕ Е ЗАМЕНА ЗА ЕВРОПА
100 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ДОБИВКА
Пред експлозиите на Северен тек 1 и 2, проценките на аналитичарите беа дека Газпром заработува по 250 милиони евра дневно од извоз. Во првата половина од 2022 година Газпром имаше 41,75 милијарди долари нето добивка, за разлика од лани кога оваа цифра изнесуваше 29 милијарди долари. Од овогодинешната добивка Газпром на руската држава ѝ додели дивиденди во износ од 20 милијарди долари.
Инаку, вкупното производство на гас на Газпром, наменето за сите пазари (домашен, поранешен СССР, Европа, Азија, итн.) за првите 10 месеци изнесуваше 344 млрд м³, што претставува пад од 19 отсто споредено со истиот период лани.
Овој напис е изработен во рамките проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар