Германска пратеничка прикажана како министерка, згора и набедена за непостоечка изјава

Фото: Принтскрин - Официјален Инстаграм профил на пратеничката во Бундестагот Рикарда Ланг

Во постот неточно се тврди дека девојката на фотографијата е министерка во владата на Германија и наводно изјавила дека кравите се штетни за животната средина и за здравјето. Официјалната веб-страница на федералната влада на Германија покажува дека во актуелната влада на канцеларот Олаф Шолц нема ниту една министерка која наликува на жената на фотографијата. Пребарувањето на интернет покажува дека девојката на фотографијата е Рикарда Ланг, пратеничка во Бундестагот, но и таа не дала изјава како во описот на постот

Во постот неточно се тврди дека девојката на фотографијата е министерка во владата на Германија и наводно изјавила дека кравите се штетни за животната средина и за здравјето. Официјалната веб-страница на федералната влада на Германија покажува дека во актуелната влада на канцеларот Олаф Шолц нема ниту една министерка која наликува на жената на фотографијата. Пребарувањето на интернет покажува дека девојката на фотографијата е Рикарда Ланг, пратеничка во Бундестагот, но и таа не дала изјава како во описот на постот

 

На објава на социјалната мрежа Фејсбук споделена е фотографија од жена, за која се тврди дека е германска министерка која наводно рекла дека кравите се штетни за животната средина и нашето здравје. Ова е неточно, ниту жената е германска министерка ниту изјавила вакво нешто.

Ова е германскиот министер кој тврди дека кравите се штетни за животната средина и нашето здравје.
#ClimateIdiot

Во објавата неточно се тврди дека девојката на фотографијата е министерка во владата на Германија. Официјалната веб-страница на федералната влада на Германија покажува дека во актуелната  влада на канцеларот Олаф Шолц нема ниту една министерка која наликува на жената на фотографијата. Всушност жената на фотографијата не е  владата на Германија.

Пребарувањето на интернет според фотографијата, покажува дека девојката на фотографијата е Рикарда Ланг, пратеничка во Бундестагот. Облеката која што Ланг ја носи на фотографијата е иста со облеката на една од фотографиите објавени на официјалниот Инстаграм профил на пратеничката.

Ланг која е родена на 17 јануари 1994 година, е германска политичарка која е ко-лидер на Алијансата 90/Зелените од јануари 2022 година, заедно со Омид Нурипур. Претходно беше портпаролка за женска политика од 2019 до 2021 година и ко-лидер на Зелената младина од 2017 до 2019 година.

Таа е федерален претседател на германската Зелена партија Bündnis 90/Die Grünen. Таа е член на германскиот парламент од 2021 година и член на комисијата за семејни прашања, како и заменик член на комисијата за труд и социјални прашања. Помеѓу 2019 и 2022 година, Ланг беше заменик-претседател на партијата. Понатаму, таа беше и портпарол на Зелената младина, младинската организација на Зелената партија. Нејзиниот фокус лежи на женската политика, здравствената политика, социјалната сигурност и различното општество.

Во објавата, исто така, неточно се тврди дека оваа жена изјавила дека кравите се штетни за животната средина и за здравјето. Пребарувањето на интернет не дава никакви резултати дека Ланг некогаш кажала вакво нешто или дека имала ваков или сличен став.

A, зошто кравите би биле штетни?

Околу една третина од емисиите на метан предизвикани од човекот доаѓаат од добиток, главно од говедско месо, произведени во дигестивниот процес којшто им овозможува на преживарите (животни со копита, вклучувајќи крави, овци и кози со стомак од четири дела) да ги апсорбираат растенијата.

Иако метанот релативно брзо се распаѓа во атмосферата, тој е помоќен стакленички гас од јаглерод диоксидот. Намалувањето на овие емисии се сметаше како една од најнепосредните можности за забавување на глобалното загревање пред климатските разговори на Конференцијата за климатски промени (КОП 26) на Обединетите нации во Глазгов.

Земјоделството е еден од најголемите испуштачи на стакленички гасови во германскиот земјоделски сектор. Емисиите од земјоделството изнесуваат седум проценти од емисиите на стакленички гасови во земјата; од нив, 37,5 проценти (24,5 милиони еквиваленти на CO2 во 2016 година) доаѓаат директно од емисиите на метан на животните одгледувани во Германија, главно од говеда и млечни крави. Иако другите животни, како што се свињите и живината, не испуштаат толку многу директно (за разлика од кравите, тие не се преживари и не испуштаат многу метан), тие исто така предизвикуваат емисии преку нивните потреби за хранење (користење на земјиштето), емисии од штала и ѓубриво .

За време на федералните избори во 2013 година, Партијата на зелените беше силно критикувана за нивната кампања „Ден на зеленчукот“ – предлог јавните мензи да не служат месо еднаш неделно. Некои дури обвинија и дека пониските изборни резултати на Зелената партија во 2013 година биле резултат на кампањата против месото, што оттогаш ја направи темата политичко табу за многумина.

Иако Зелената партија на Германија има свои ставови во однос на емисиите на метан коишто доаѓаат од животните, меѓу кои и кравите, ниту од партијата ниту Ланг немаат изјавено дека „кравите се штетни за здравјето и животната средина“, како што се тврди во објавата.

Според сите наведени податоци, заклучуваме дека објавата што е предмет на оваа рецензија е неточна.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција