Изборите во Франција не се „украдени“, Ле Пен го призна поразот
Официјалните резултати од претседателските избори во Франција, после 100 процентно пребројани гласачки ливчиња по вториот круг од изборите, потврдуваат дека победник е Емануел Макрон. Неговата противкандидатка Марин Ле Пен, уште веднаш по објавата на излезните анкети, според кои таа освои 41,8 насто од гласовите, додека актуелниот Макрон, освои 58,2 насто, се обрати на нацијата и го призна изборниот пораз
Официјалните резултати од претседателските избори во Франција, после 100 процентно пребројани гласачки ливчиња по вториот круг од изборите, потврдуваат дека победник е Емануел Макрон. Неговата противкандидатка Марин Ле Пен, уште веднаш по објавата на излезните анкети, според кои таа освои 41,8 насто од гласовите, додека актуелниот Макрон, освои 58,2 насто, се обрати на нацијата и го призна изборниот пораз
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се тврди дека изборите во Франција на кои победи досегашниот и актуелен претседател Емануел Макрон, се „украдени“. Во поткрепа на тоа тврдење споделен е кајрон на кој се претставени Макрон и неговата противкандидатка на изборите, Марин Ле Пен. Според кајронот, Макрон освоил 14.214.825 гласови, а Ле Пен 14.432.396 гласови. Во долниот десен агол пак, процентуалната проценка е претставена како 58.5 проценти за Макрон и 41.5 проценти за Ле Пен.
25.04.2022Макрон 14 214 825 58,5%Жената има 14 432 396 41.5 %Украдени избориДополна :Razlika u glasovima 17%. Q = 17, nije slučajno.. Čekamo.
Дали победата на Макрон е „украдена“?
Сакам да им се заблагодарам на сите кои гласаа за нас и во првиот и во вториот круг. Особено на оние во руралните делови и во странство. Тие се знак на Франција која е често заборавена и продолжуваме да се бориме. Воопшто немам чувство на срам или на разочарување. Оние кои сакаат да го видат исчезнувањето на нашата партија, нема да го видат. Сакам да му порачам на Макрон и на неговата партија дека ќе бидеме тука да се бориме за правата на граѓаните и да се спротиставиме на пензиската реформа. Макрон ќе креира нови поделби во нашата земја, а јас сакам да работам на обединувањето на граѓаните, рече Ле Пен.
Мнозинството од вас, избраа да ми ја дадат својата доверба и за наредните пет години. Знам што ви должам. После пет години трансформации, среќни и тешки часови, овој ден, 24 април, мнозинството од вас избраа да ми ја дадат довербата да претседавам со нашата република во наредните пет години. Знам дека многу наши сонародници гласаа за мене денеска, не за да ги поддржат идеите што ги имам, туку за да ги блокираат оние на екстремната десница, рече меѓу другото Макрон и додаде дека е претседател на сите и дека има многу работа пред себе.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар