Изграден кружниот тек кај Порта Влае

На крстосницата меѓу булеварот Партизански одреди и улиците Ацо Шопов и Ѓорче Петров е формиран најголемиот кружен тек во Скопје, со дијаметар од 40 метри Фото: Принтскрин (Отчет на Трајановски)

 

Кружен тек на бул. „Партизански одреди“ кај Порта Влае, во соработка со Град Скопје ( Рок: декември 2014)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Кружниот тек на бул. „Партизански одреди“ кај Порта Влае, е изграден и официјално пуштен во употреба во мај минатата година (2015),  пет месеци подоцна од проектираниот рок – декември 2014. Ова изборно ветување наведено  во Изборната програмата на градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски (2013-2017) „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Ѓорче Петров“ (Транспорт стр. 55) е исполнето во соработка со Град Скопје. Кружниот тек на бул. „Партизански одреди“ кај Порта Влае, е првиот проект посочен во Отчетот на градоначалникот Трајановски  за минатата година (2015). Како што стои во Отчетот (стр.2), ова е еден од проектите на кои Трајановски е особено горд:

го изградивме најголемиот кружен тек во Скопје, на крстосницата меѓу булеварот Партизански одреди и улиците Ѓорче Петров и Ацо Шопов, кај Порта Влае

Изградбата на овој кружен тек  започна во јули 2014 година. На официјалниот почеток на градежните работи присуствуваа тогашниот премиер, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, градоначалникот на  Скопје,  Трајановски и градоначалниците на Ѓорче Петров и Карпош, Сокол Митревски и Стевчо Јакимовски.

Груевски тогаш рече дека:

Се работи за голем проект во кој градоначалникот на Град Скопје во соработка со градоначаниците на Карпош и Ѓорче Петров го подготвува подолг период. Оваа година ќе се гради кружниот тек, а следната година проширувањето на булеварот „Партизански одреди“ (Груевски)

Градоначалникот Трајановски во оваа пригода изрази надеж дека

Со изградбата на кружниот тек ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот, а од друга страна овој дел од Скопје ќе добие подобар изглед (Трајановски)

На осми мај 2015 година официјално беше отворен за сообраќај новоизградениот кружен тек на булеварот Партизански одреди кај Порта Влае, како и проширениот дел од булеварот Партизански одреди до автобазата на ЈСП во Ѓорче Петров.

На свеченоста присуствуваа   Груевски, градоначалниците на Град Скопје, Карпош и Ѓорче Петров,  Трајановски,  Јакимовски и Митровски.

 Со изградбата на овој кружен тек се пробива уште едно тесно грло на градот и се овозможува полесна комуникација на жителите на Ѓорче, Влае, Карпош и сите останати кои ја користат оваа траса на патување. Проектите од ваков тип се влог во новиот лик на Скопје, Скопје кое ќе се издвојува по својата естетика и функционалности. (Груевски)

Скопскиот градоначалник  тогаш појасни дека ова е најголемиот кружен тек во Скопје со дијаметар од 40 метри, односно коловоз со ширина од девет метри, заштитна патека од 1,5 метар и средишно зеленило.

 Со проширувањето, булеварот „Партизански одреди“ доби по три коловозни ленти во секоја насока , средишна жардињера со ширина од 5 метри, а формирани се и велосипедска и пешачка патека. За одведување на атмосферските води од новиот кружен тек на булеварот „Партизански одреди“ изградена е атмосферска канализација во должина од 472 метри. За реализација на овој проект од буџетот на град Скопје потрошени се 50,5 милиони денари. (Трајановски)

Градоначалникот Митровски рече  дека овој дел од булеварот „Партизански одреди“ бил најнефункционален и најнебезбеден.

Ова беше една од најризичните крстосници. Тоа посебно беше изразено во утринските и попладневните часови кога се создаваше голем сообраќаен метеж. ( Митровски)

За овој проект во Отчетот на Трајановски (стр.3), меѓу другото,  е напишано:

Новото сообраќајно решение кај Порта Влае придонесе да се зголеми безбедноста во одвивањето на сообраќајот во овој дел на градот, да се олесни движењето кон излезот на Скопје и да се уреди просторот.

На крстосницата меѓу булеварот Партизански одреди и улиците Ацо Шопов и Ѓорче Петров е форми- ран најголемиот кружен тек во Скопје, со дијаме- тар од 40 метри, коловоз со ши- рина од 9 метри, заштитна патека од 1,5 метри и средиш- но зеленило. Кружниот тек се состои од две сообраќајни ленти. По кружниот тек, гледано во насока кон Ѓорче Петров, булеварот Партизански одреди е проширен до влезот во автобазата на ЈСП. Со проширувањето, булеварот доби по три коловозни ленти во секоја насока, средишна жардиниера, велосипедска и пешачка патека. Во текот на градежните работи е извршена и реконструкција на 100 метри од улицата Ѓорче Петров и на 162 метри од улицата На булеварот Партизански одреди, кај Порта Влае ИЗГРАДЕН НАЈГОЛЕМИОТ КРУЖЕН ТЕК ВО СКОПЈЕ Ацо Шопов, на деловите што влегуваат во кружниот тек. За одведување на атмосферските води од новиот кружен тек е изградена атмосферска канализација, на вкупна должина од 472 метри. За градежните работи за проширување на булеварот Партизански одреди до автобазата на ЈСП во Ѓорче Петров и за изградба на кружен тек кај Порта Влае, Градот Скопје потроши 50,5 милиони денари. Новото сообраќајно решение кај Порта Влае го осветлуваат 13 столба за улично осветлување, со 32 светилки, а Градот Скопје за овој дел од проектот вложи 885.799 денари. Кај новоизградениот кружен тек на булеварот Партизански одреди е уре- дено зеленило на вкупна површина од 4.604 квадратни метри, за што се вложени околу 2 милиона денари. Со тоа, вкупната вредност на проектот за изградба на кружен тек кај Порта Влае и проширување на булеварот Партизански одреди до базата на ЈСП во Ѓорче Петров изнесува 53,4 милиони денари

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција