Какофонија од невистини: СЗО не забранила обдукции за починати од Ковид-19

CDC

Уште еден во низата конспирациски постови на Фејсбук, меша неколку неповрзани и невистинити фактички неиздржани, неаргументирани и непостоечки состојби, за да ги доведе во корелација со пандемијата со Ковид-19 и со симптомите што оваа непредвидлива болест ги предизвикува. Меѓутоа, Ковид-19 нема никаква врска со некакво запрашување со отрови и тешки метали од авиони, трагите од авионите кои се гледаат на површината на небото не само што не се метали, туку се природни ефекти, а теоријата на заговор која што се пласира е мешавина на сè и сешто.

 

Уште еден во низата конспирациски постови на Фејсбук, меша неколку неповрзани и невистинити фактички неиздржани, неаргументирани и непостоечки состојби, за да ги доведе во корелација со пандемијата со Ковид-19 и со симптомите што оваа непредвидлива болест ги предизвикува. Меѓутоа, Ковид-19 нема никаква врска со некакво запрашување со отрови и тешки метали од авиони, трагите од авионите кои се гледаат на површината на небото не само што не се метали, туку се природни ефекти, а теоријата на заговор која што се пласира е мешавина на сè и сешто

 

Прво, невистинито е дека Светската здравствена организација забранила обдукции на починатите од Ковид-19. Не само што СЗО не забранила да се прават обдукции на пациенти со летален исход од Ковид-19, туку и вакви обдукции веќе се направени во Германија, Италија или Русија, па и Србија. СЗО единствено тврди, дека треба да се преземат што повеќе мерки на заштита при таквите обдукции како што е и веќе направено во големите европски земји кои имаат услови и знаења за такво нешто.

Како што и претходно пишувавме, таканареченото „запрашување“ на населението или „кемтрејлс“ е теорија на заговор која е постара од две децении. Всушност, почетоците се во САД во 1996 година, откако Воено-воздушните сили на САД објавиле извештај за можна модификација на времето. Застапниците на оваа теорија на заговор веруваат во повеќе цели на „запрашувањето“. Од психолошко влијание врз населението, до тоа дека крајната цел е депопулација на земјината топка. Покрај ваквите теории на заговор често се објавуват фотографии кои се земени од различни тестови на патнички авиони изведувани за да се утврди балансот на авионите при полетување, слетување или во текот на летот.

Постојат повеќе научни иследувања на оваа теорија на заговор и ниту еднаш не е пронајден каков било доказ дека тоа навистинa се случува. Едно од посеопфатните е на „Кеит групата“, истражувачка група при Харвард универзитетот, која тоа го потврди.

Една од посеопфатни студии која ја објаснува разликата меѓу „кемтреилс“ и „контреилс“ (траговите што остануваат зад авионите на небото), укажува дека зад „контреилс“ има научно објаснување зошто некогаш тие траги се подолготрајни, а некогаш брзо исчезнуваат од хоризонтот или, пак, и други студии.

Што се однесува на тврдењето дека маските кои ги носиме се штетни и не нè заштитуваат од наводните отрови и наводните нано честички, туку само ги таложат бактериите од внатрешноста на маската кои подоцна се спуштаат во грлото и белите дробови и си го кратат кислородот, исто така, станува збор за медицински непоткрепено тврдење.

Неточно е дека носењето маска предизвикува недостаток на кислород и здравите станици може да ги претвори во туморни. Медицинската наука има докажано дека употребата на заштитна маска не го намалува нивото на кислород во организмот, а со тоа ни во клетките. Сите највидни медицински институции во светот го поткрепуваат ваквото мислење, а сведоци сме и на медицински експерименти, чии екстензивни мерења не наоѓаат штетни последици од носењето заштитна маска.

Така, доктор Маитиу О Туатхаил се снимил себеси, носејќи не една, туку шест хируршки маски и притоа мерејќи го нивото на кислород во својот организам. Неговите нивоа на кислород во текот на целиот период биле стабилни, односно изнесувале 99 проценти.

Кога во постот се тврди дека некој запрашува со отрови и тешки метали и притоа се нафрлаат паушално еден куп хемиски соединенија со кои наводно се запрашува населението, не се кажува кој тоа го прави и кога, односно ваквото тврдење е шпекулација, недокажано и непрецизно. Инсинуацијата пак дека овие метали за кои нема ни извор ни потекло, од каде се, кој и кога ги дистрибуира преку воздухот, се причинители на симптомите на Ковид-19  е опасна инсинуација. Поточно, со неа лажно се наведува населението да не верува дека вирусот е причинител на симптомите на Ковид-19, нешто што е докажан медицински факт!

Тврдењето дека болниците немаат лек е полувистина. Всушност, за Ковид-19 во исчекување на вакцината никаде во светот не постои лек, постојат само протоколи за лекување на симптомите кои се предизвикани, зависно од медицинската индикација за секој пациент засебно. Едни лекарства кои ќе делуваат кај еден пациент, може да се штетни кај друг пациент, затоа што тој, на пример, има некои придружни здравствени состојби како срцеви заболувања или слично, што во комбинација со лекарствата може да се неповолни по неговото здравје. Не е точно дека секој починат пациент се бележи како починат од Ковид-19. За да биде внесен во статистиката на заразени, починати или носители на коронавирусот, пациентот мора да биде или позитивен на вирусот или да манифестира клиничка слика која што кореспондира на истиот. Наспроти лажното тврдење во постот што го рецензираме дека Ковид-19 не постои, сепак оваа непредвидлива и опасна болест постои, одзема секојдневно голем број животи со непредвидлива динамика, интензитет, независно од возраст, пол, социјален статус.

Голем број на измешани информации кои што се пласираат како причинско-последична релација меѓу непостоечко прскање со хемикалии и симптомите на коронавирусот, измешано со какофонија од лажни тврдења дека носењето маска предизвикува тумори, дека болниците немаат лекови (во ситуација кога секој пациент се лекува симптоматски), претставува дезинформација и наведување на јавноста кон погрешни заклучоци дека пандемијата е лажна. За конспирацијата дека наводно светските елити стојат зад пандемијата со Ковид-19 за да го контролираат светот, најдобар демант е тоа што голем број на богати, славни и моќни личности самите беа носители на коронавирусот, меѓу кои и британскиот премиер .

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција