Камала Харис не признала дека постои план за намалување на населението, туку направила лапсус
Потпретседателката на САД во своето обраќање говорела за намалување на загадувањето, но направила лапсус наместо pollution (загадување) , рекла population (население). Грешката на Харис може да се забележи ако се погледне целиот нејзин говор кој е официјално објавен на веб-страницата на Белата куќа. Оваа нејзина грешка теоретичарите на заговор ја злоупотребуваат за да шират невистини дека постои некаков план за депопулација
Потпретседателката на САД во своето обраќање говорела за намалување на загадувањето, но направила лапсус наместо pollution (загадување) , рекла population (население). Грешката на Харис може да се забележи ако се погледне целиот нејзин говор кој е официјално објавен на веб-страницата на Белата куќа. Оваа нејзина грешка теоретичарите на заговор ја злоупотребуваат за да шират невистини дека постои некаков план за депопулација
Рецензираме пост на Фејсбук кој манипулира дека потпретседателката на САД, Камала Харис признала дека постои некаков план и агенда за депопулација на населението.
Камала Харис признава дека сакаат да ја намалат популацијата за да можат НИВНИТЕ деца да дишат чист воздух и да пијат чиста вода.Повеќе не кријат дека имаат агенда за намалување на популацијата.
Во овој дел од својот говор потпретседателката на САД вели:
Кога инвестираме во чиста енергија и електрични возила и го намалуваме населението повеќе од нашите деца можат да дишат чист воздух и да пијат чиста вода.
Точно е дека Харис рекла „го намалуваме населението“, но станува збор за грешка. Имено, таа не зборувала за намалување на населението, туку за намалување на загадувањето. Грешката која ја направила Харис може да се забележи ако се погледне целиот нејзин говор кој официјално е објавен на веб-страницата на Белата куќа.
Од ова е очигледно дека таа наместо pollution (загадување) , рекла population (население).
Постот овој лапсус на Харис го злоупотребува за да шири невистини и лаги за некаква светска агенда за намалување на населението. Оваа теорија на заговор не е ништо ново и за неа Вистиномер досега има пишувано во неколку наврати.
Оваа теорија на заговор вообичаено се поврзува со Бил Гејтс и Обединетите нации, а се поврзуваше и со пандемијата на ковид-19.
Од сето ова можеме да заклучиме дека потпретседателката на САД не признала јавно дека постои некаков план за намалување на населението. Нејзината грешка во која таа наместо загадување вели население, теоретичарите на заговор ја злоупотребуваат за да шират невистини.
Во постот не е наведено деека станува збор за лапсус, туку тој шири дезинформации за некаков план за депопулација. Според тоа, можеме да кажеме дека на постот му недостига контекст, односно не е објаснето дека во говорот на Камила Харис е направена грешка.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар