Катакомбите во Париз претставени како тунелот до синагогата во Њујорк

Фото: Принтскрин видео ФБ пост

Тунелот и подземните соби кои се прикажани на видеото не би можеле да бидат дел од синагогата во Њујорк, затоа што таму е откриен само еден тунел. Просториите што се прикажани на видеото се дел од катакомбите кои се наоѓаат во Париз. Сликите што може да се видат од оваа атракција на Париз, како и веќе објавени видеа, потврдуваат дека видеото што е споделено на Фејсбук е снимено таму, а не во синагогата во Њујорк

Тунелот и подземните соби кои се прикажани на видеото не би можеле да бидат дел од синагогата во Њујорк, затоа што таму е откриен само еден тунел. Просториите што се прикажани на видеото се дел од катакомбите кои се наоѓаат во Париз. Сликите што може да се видат од оваа атракција на Париз, како и веќе објавени видеа, потврдуваат дека видеото што е споделено на Фејсбук е снимено таму, а не во синагогата во Њујорк

 

 

На објава на социјалната мрежа Фејсбук споделено е видео во коешто се гледаат снимки од тунели и подземни соби во кои има ковчези и черепи на ѕидовите. За ова видео се тврди дека е снимено во подземен тунел откриен под синагога во Њујорк што не е вистина.

Откриен скриен тунел под синагога во Њујорк

Повеќе од 10 хасидски еврејски верници се приведени откако избија судири во историската синагога во Њујорк, пишува во објавата.

Пред неколку денови во Њујорк се случи конфликт помеѓу полицијата и верници за таен подземен тунел поврзан со историска синагога во Бруклин. Долготрајниот спор во рамките на хасидската еврејска група во Бруклин зовре кога неовластен тунел во непосредна близина на синагогата беше откриен и властите на Њујорк наредија да се затвори. Конфликтот во Светското седиште во Чабад во Њујорк, кој служи како центар на влијателно еврејско движење Хасид, започна кога камион со цемент пристигна да го запечати отворот на тунелот. Поборниците на тунелот организираа протест и ја откорнаа дрвената ограда на синагогата. Полицијата излезе на местото на настанот и на крајот уапси девет лица.

Веста за овие случување брзо беше објавена и на социјалните мрежи каде што започнаа да се шират невистини и неосновани тврдења за преминот.

Таква е и објавата на социјалната мрежа Фејсбук што е предмет на оваа рецензија. Во текстот на објавата во една реченица пласирана е информацијата за откриениот тунел, но споделено е видео кое никако не е поврзано со тој тунел. Во видеото на објавата се гледаат повеќе тунели, но и соби, а во дел од нив може да се забележат и ковчези, подови покриени со коски, а на некои од ѕидовите се забележуваат и черепи. Но, овие морничави сцени не се снимени во тунелот на синагогата во Њујорк, ниту пак, се како било поврзани со еврејската заедница.

Тунелот и подземните соби кои се прикажани на видеото не би можеле да бидат дел од синагогата во Њујорк, затоа што таму е откриен само еден тунел. Градските власти информираа дека имало еден тунел, а не серија тунели и тој бил во непосредна близина на синагогата, а не под неа.

Истрагата на Одделот за градежништво во Њујорк открила тунел долг 18,3 метри и широк 2,4 метри. Се протегал под неколку згради во близина, поврзувајќи ги меѓу отворите исечени во ѕидовите на подрумот. Рајан Деган, портпарол на Одделот за згради во Њујорк, рече дека надлежните откриле дека тунелот бил празен, освен што имало нечистотија како и остатоци од работници и „рачни алатки како лопати“.

Видеата кои се споделени од тунелот, исто така потврдуваат дека ова видео, споделено на Фејсбук, не може да го прикажува тунелот под синагогата во Њујорк.

Просториите што се прикажани на видеото немаат никаква поврзаност ниту со синагогата, ниту со еврејската заедница, ниту пак, со Њујорк. Тие, всушност, се дел од катакомбите кои се наоѓаат во Париз. Пребарувањето на видеото, предмет на оваа рецензија, покажува дека ова исто видео било објавено на социјалната мрежа Тик-Ток со објаснување „Одиме под земја за да ги посетиме Париските катакомби, во кои се сместени посмртните останки на повеќе од шест милиони луѓе“.

Под живите улици на Париз се наоѓа она што е можеби најневеројатната атракција на Градот на светлината. Катакомбите во Париз се дом на коски на над шест милиони покојни парижани. Неговите тесни подземни премини датираат од 13 век, кога биле користени за ископување на варовник што помогнал да се изгради градот. До крајот на 18 век, овие стари каменоломи почнале да се уриваат под тежината на Париз кој брзо се ширел. Во исто време, гробиштата во центарот на француската престолнина биле соочени со пренатрупаност. На катакомбите се гледало како на решение за двата проблема. Префрлањето на старите остатоци под земја во рудниците го спречило нивното рушење и ја олеснилo пренатрупаноста на гробиштата. Катакомбите се место на фасцинација уште од нивното отворање на почетокот на 19 век, а остануваат отворени денес како една од најуникатните атракции на градот.

Сликите што може да се видат од оваа атракција на Париз, како и веќе објавени видеа, потврдуваат дека видеото што е споделено на Фејсбук е снимено таму, а не во синагогата во Њујорк. Затоа оваа објава ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција