Кју Анон пропаганда за сатанизација на НАТО и ЕУ

Фото: Колаж Clker-Free-Vector-ImagesPixabay - motionstockPixabay

Две тези во оваа објава, онаа за „сатанското НАТО“ и онаа за „педофилската ЕУ“ ,  премногу асоцираат на дезинформациите и пропагандата која се шири од Кремљ, a која му е посветена на Западот во обид да се оправда агресивната руска воена инвазија на Украина. Постојат минати обиди овие конспиративни заедници, кои промовираат тези комбинирани меѓу пропагандата од Кремљ и пропагандата од Кју Анон – да ја претстават НАТО како сатанистичка организација, a ЕУ да ја сатанизираат како безбожна и педофилска, иако овие тврдења не се основани, а фактите, законската регулатива и принципите на ЕУ и НАТО заговараат токму спротивни работи, како стабилност, мир, казнување на педофилијата и промоција на еднаквоста и достоинството на сите луѓе

Две тези во оваа објава, онаа за „сатанското НАТО“ и онаа за „педофилската ЕУ“ премногу асоцираат на дезинформациите и пропагандата која се шири од Кремљ, a која му е посветена на Западот во обид да се оправда агресивната руска воена инвазија на Украина. Постојат минати обиди овие конспиративни заедници, кои промовираат тези комбинирани меѓу пропагандата од Кремљ и пропагандата од Кју Анон – да ја претстават НАТО како сатанистичка организација, a ЕУ да ја сатанизираат како безбожна и педофилска, иако овие тврдења не се основани, а фактите, законската регулатива и принципите на ЕУ и НАТО заговараат токму спротивни работи, како стабилност, мир, казнување на педофилијата и промоција на еднаквоста и достоинството на сите луѓе

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Честитам зависност од сатанското НАТО и педофилската ЕУ на робовите од територијата на северна вукојебина наречена северџанија.

Две тези во оваа објава, онаа за „сатанското НАТО“ и онаа за „педофилската ЕУ“ , премногу асоцираат на дезинформациите и пропагандата која се шири од Кремљ, a која му е посветена на Западот во обид да се оправда агресивната руска воена инвазија на Украина.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, како што пренесе француски Ле Монд. на 21 февруари го обвини Западот дека ја направил педофилијата „норма“.
Див напад, типичен за рускиот лидер, но кој се совпаѓа со оној на Кју Анон заедницата која споделува дезинформации за педофилски елити во Белата Куќа, пишува Ле Монд.
Она што е тешко, е да се направи разлика меѓу пропагандата произведена од кујната и стратегиите на Кремљ и мноштвото руски и француски конспирациски кругови кои гравитираат кон нив и може да се манипулираат, изјави Пјер Андре Тагуиф, политички истражувач и автор на неколку книги за теории на заговор.

Постојат минати обиди овие конспиративни заедници, кои промовираат тези комбинирани меѓу пропагандата од Кремљ и пропагандата од Кју Анон – да ја претстават НАТО како сатанистичка организација, a ЕУ да ја сатанизираат како безбожна и педофилска, и покрај тоа што овие тврдења не се основани, а фактите, законската регулатива и принципите на ЕУ и НАТО заговараат токму спротивни работи, како стабилност, мир, казнување на педофилијата и промоција на еднаквоста и достоинството на сите луѓе.

Постојат минати обиди овие кругови кои се претставници на пропагандата од Кремљ и пропагандата од Кју Анон, да ја претстават НАТО како сатанистичка организација.

Честопати во тие наративи, НАТО е претставен како да е ист поим со „Западот“. Теоријата на заговор дека Западот или НАТО се „сатанисти“ навлегува во дискурсот со методи кои не бараат голема критичност и аналитички ум. Целта е брзо да се апсорбираат од примателот на овие наративи, без размислување. На пример, со фотомонтирани фотографии кои не постојат во реалноста, а на кои се претставени светските лидери како се воодушевуваат на наводна изложба на слики со сатански мотиви и черепи, а кои наводно ги посетиле на НАТО самитот во јуни 2022 година. Тоа, секако, не се  случило, но фотографиите лесно се врежуваат во меморијата со цел да се прошири и пропагандата дека „Западот и НАТО се сатанистички“.

Со сличен пример, илустративно, во 2022 година се прошири дезинформација од наводен „сатански ритуал кој се одржал на НАТО самит“, иако конкретниот настан за кој се говореше воопшто не беше НАТО самит, а ритуалот воопшто не беше сатански, туку стануваше збор за пеформанс на церемонија за отворање на Гент Универзитетот во Белгија во 2017 година.

Невозможно е да не се забележи дека Кремљ ги користи истите фрази за Западот и НАТО како „сатанистички“, во обид да ја оправда својата крвава неиспровоцирана инвазија врз суверена и демократска Украина. При пеењето на истата „песна“, актуелен е и наративот дека „Русија води света војна против безбожните сатанисти во Украина за да го заштити христијанството и традиционалните вредности“. Кремљ, всушност, ги демонизира Украина и нејзините западни поддржувачи како „безбожни“ и тоа рака под рака со наративот дека Западот сака да ги уништи традиционалните вредности.

Во тој контекст и во објавата што е предмет на нашата рецензија, се наведува дека НАТО е „сатанистичка организација“, а ЕУ „педофилска унија“, додека граѓаните на Република Северна Македонија се претставени како да се поробени и тоа на вулгарен начин, иако Република Северна Македонија исто така е независна и суверена држава, со сопствена власт поделена на законодавна, извршна и судска.

Не постои ниту приближна иницијатива во ЕУ да се легализира педофилијата која се смета за кривично дело. Директивата за борба против сексуалната злоупотреба и сексуалната експлоатација на децата и против детска порнографија, е само еден документ кој ја претставува непоколебливата борба на ЕУ против криминалот со педофилијата.

НАТО, пак, од своја страна, не е никаква сатанистичка организација, туку претставува одбранбена алијанса со главна цел да ги заштити своите членови од надворешни закани. Официјалните политики на НАТО се дека не бара конфронтација и не е закана за Руската Федерација. Но, НАТО е сепак подготвена да ги заштити и да ги одбрани своите сојузници.

Нашата основна задача е да ги одржиме нашите 30 нации безбедни. Имаме одговорност да се осигуриме дека конфликтот нема да ескалира и да се прошири надвор од Украина, зашто тоа би било уште поразорувачко и уште поопасно, пишува на сајтот на НАТО.

На 27 март 2020 година, РС Македонија стана триесетта земја членка на Алијансата. Определбата за евроатлантско интегрирање на земјата датира уште од 1993 година, кога Собранието усвои Резолуција во која се дефинирани надворешно политичките приоритети на земјата, а тоа се членството во НАТО и во ЕУ.

С. Македонија, претходно, како партнер на Алијансата и денес во својство на земја-членка на НАТО, активно придонесува во безбедносните мисии на НАТО, ЕУ и ООН, во регионот и во светот, со цел поддршка на мирот и безбедноста. Придонесот во меѓународните операции е во духот на стратешките определби на земјата за придонес кон глобалниот мир и безбедност и претставува уште една потврда за подготвеноста за споделување на предизвиците како полноправна земја членка на НАТО. За С. Македонија, зачувувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан е еден од врвните надворешно-политички приоритети. Силната посветеност на НАТО кон Западен Балкан како стратешки важен регион, е од најголемо значење за одржување на мирот и стабилноста во регионот. Овој пристап (промовиран на Самитот во Брисел во 2021 година и реафирмиран во новиот Стратешки концепт на НАТО) и долгогодишниот ангажман на Алијансата во Западен Балкан дадоа значајни резултати.

Наспроти изнесеното во оваа објава на Фејсбук, дека Македонија е зависна од НАТО, НАТО сојузниците и членките на ЕУ ги делат истите вредности, НАТО и ЕУ играат комплементарна, кохерентна и меѓусебно зајакнувачка улога во поддршката на меѓународниот мир и безбедност. С. Македонија целосно го поддржува унапредувањето на стратешкото партнерство НАТО-ЕУ, зајакнатите политички консултации и зголемената соработка за прашања од заеднички интерес, како што се воената мобилност, отпорноста, влијанието на климатските промени врз безбедноста, новите и нарушувачки технологии, човековата безбедност, агендата за жени, мир и безбедност, како и борба против сајбер и хибридни закани.

Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита. НАТО не е „сатанистичка организација“, а ЕУ не е „педофилска унија“. Таквите наративи се дел од Кју анон теориите на заговор кои имаат за цел да го демонизираат Западот.

 

 



 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција