Лажна реклама: Нема Ајфон за 125 денари

Фан-страницата од којашто се нуди Ајфон за 125 денари, нема податоци за контакт, нема други објави за промоции, комуникација со корисници, нема голем број на следачи и интеракции. Нема никаква формална врска помеѓу овие измамници и IStyle – официјалната продавница за Apple продукти во нашата држава. Огромниот попуст не е објавен ниту на нивната официјална страница, ниту на нивните профили на социјалните мрежи. Реалната цена на Ајфон 14 про, еден од најновите модели на Apple телефони, е 99.990 денари односно над 1.500 евра, а сега е на попуст и може да се купи за 84.900 денари

Фан-страницата од којашто се нуди Ајфон за 125 денари, нема податоци за контакт, нема други објави за промоции, комуникација со корисници, нема голем број на следачи и интеракции. Нема никаква формална врска помеѓу овие измамници и IStyle – официјалната продавница за Apple продукти во нашата држава. Огромниот попуст не е објавен ниту на нивната официјална страница, ниту на нивните профили на социјалните мрежи. Реалната цена на Ајфон 14 про, еден од најновите модели на Apple телефони, е 99.990 денари односно над 1.500 евра, а сега е на попуст и може да се купи за 84.900 денари

 

 

Пост на Фејсбук споделува информација за наводен невиден попуст за Ајфон телефон. Според објавата, Ајфон телефон може да се купи за 125 денари. Ова е измама.

IStyle е казнет за нелегален увоз на iPhone и сега мора да ги продава сите телефони за 125 ден Ограничена количина, побрзајте, пишува во постот.

За да изгледа пореална со цел полесно да ги намами корисниците на социјалната мрежа Фејсбук, рекламата е придружена со фотошопирана фотографија на која се прикажани Ајфон телефони, а над нив стои логото на IStyle, официјалната продавница за Apple продукти во нашата држава. Под логото пишува дека телефоните Ајфон 14 про се продаваат по цена од нереални 125 денари.

Под оваа објава има низа коментари од лажни профили кои потврдуваат дека наводно купиле телефон по таа цена. Коментарите ги оставаат луѓе од лажни профили со странски имиња, како Stanisław Białowąs,  Daniela Michalek, Lucyna Oscilowska, кои пишуваат на македонски јазик во стилот на Гугл транслејт.

Решила да го пробам)) Го пополнив формуларот и менаџерот веќе ме контактираше!! Сега имам поголема самодоверба, Не можам да верувам во ова!!! 125 ден, 10 минути, една недела испорака и веќе ја имам!😎 Ви благодариме!, се дел од коментарите под постот кои се обидуваат да и дадат легитимитет на рекламата.

Дел од профилите коишто ги пишуваат коментарите прикачуваат фотографии од телефони, со цел да ги убедат корисниците на социјалните мрежи дека објавата е реална.

Лажната објава ги наведува корисниците на социјалните мрежи, за да може наводно да го добијат телефонот, да кликнат на копчето Apply now кое пренасочува на друга веб-страница која исто така го користи логото на IStyle. Овие насочени реклами за измама обично имаат за цел да го натераат корисникот да се регистрира за нешто и потоа бара информации за кредитна или дебитна картичка за да ја завршат акцијата.

Фан-страницата од којашто се споделува попустот, нема податоци за контакт, нема други објави за промоции, комуникација со корисници, нема голем број на следачи и интеракции, нема наведено адреса и телефонски броеви.

Нема никаква формална врска помеѓу овие измамници и IStyle. Овој огромен попуст не е објавен ниту на нивната официјална страница, ниту на нивните профили на социјалните мрежи.

Реалната цена на Ајфон 14 про, кој е еден од најновите модели на Apple телефони е 90.990 денари односно 1.500 евра, кој сега е на попуст и може да се купи за 84.900 денари.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција