Лажно видео тврди дека Украинци во Катар биле уапсени, бидејќи користеле нацистички поздрав

Станува збор за пост во којшто е споделено лажно видео со цел да создаде погрешна слика во јавноста. Украински навивачи не биле уапсени во Катар, а уште помалку затоа што ширеле нацистички симболи. Анализата на видеото покажува дека во него се користени стари фотографии, направени неколку месеци пред Светското првенство, како и неколку манипулативни слики. Ал Џезира објави соопштение во кое вели дека видеото е целосно лажно

Станува збор за пост во којшто е споделено лажно видео со цел да создаде погрешна слика во јавноста. Украински навивачи не биле уапсени во Катар, а уште помалку затоа што ширеле нацистички симболи. Анализата на видеото покажува дека во него се користени стари фотографии, направени неколку месеци пред Светското првенство, како и неколку манипулативни слики. Ал Џезира објави соопштение во кое вели дека видеото е целосно лажно

 

 

Пост на Фејсбук тврди дека во Катар биле уапсени украински навивачи поради ширење нацистички симболи. Ваквото тврдење не е точно.

И, после Катарчаните биле криви. Ама по се изгледа законикот на Катар не препознавал закон за „Заштитен дивеч“ како во некои други земји…хехехех Море камшикот и ништо друго штом не се почитува домаќинот, стои во постот кој го анализираме.

Постот споделува напис кој тврди дека Украинци биле уапсени во Катар, бидејќи ширеле нацистички симболи, притоа повикувајќи се на наводен извештај на Ал Џезира.

Според текстот, каналот Ал Џазира наводно информирал дека тројца пијани Украинции ширеле националистичка идеологија и биле одведени во затвор кога го напишале нацистичкиот поздрав „Зиг хаил„ и ѝ нацртале „хитлерови мустаќи“ на маскотата на Светското првенство во Катар 2022.

Украинските навивачи пред апсењето успеале да уништат повеќе од десет постери. При внесувањето не дале отпор, но во моментов се уште се зад решетки, објави Ал Џезира, се тврди во текстот.

За што всушност станува збор?

Станува збор за лажна видео снимка на Ал Џезира која ја шират проруските канали на Телеграм, а истата се шири и на кинеската социјална мрежа Веибо, пишува Еуроњуз.

Руската амбасада во Обединетото кралство и про-Кремљ ТВ презентерот Владимир Соловјов, исто така, тврдеа дека украинските „неонацисти“ биле уапсени во Катар, пишува Еуроњуз.

Видеото вклучува официјална графика на Ал Џезира, медиумот со седиште во Доха, но нема ништо што укажува на тоа дека Ал Џезира го изработила или објавила видеото. Апсењата на Украинците во Катар не се евидентирани, односно тие се лажни.

Анализата на видеото покажува дека во него се користени стари фотографии, направени неколку месеци пред Светското првенство, како и неколку манипулативни слики.

 

На социјалните мрежи кружи видео кое му се припишува на Ал Џезира, а се однесува на апсење на украинските навивачи за време на Светското првенство во фудбал. Видеото е целосно лажно и Ал Џезира никогаш не објави вест поврзана со оваа приказна, соопшти Ал Џезира.

Од сето ова можеме да  закклучиме дека станува збор за пост кој шири лажно видео со цел да создаде погрешна слика во јавноста. Украински навивачи не биле уапсени во Катар, а уште помалку затоа што ширеле нацистички симболи. Според тоа, постот што го анализираме го оценуваме како невистинит.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција