Локалните власти не одлучуваат за мерките за заштита од ковид-19

Фото: Фејсбук

Локалните власти не носат одлуки за здравствените протоколи на локално ниво во услови на пандемија, а со тоа и за мерките што се спроведуваат во училиштата, како што прикажува кандидатот за градоначалник на Скопје од Родина Македонија, Владимир Трајковски.

Локалните власти не носат одлуки за здравствените протоколи на локално ниво во услови на пандемија, а со тоа и за мерките што се спроведуваат во училиштата, како што прикажува кандидатот за градоначалник на Скопје од  Родина Македонија, Владимир Трајковски

 

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од политичката партија Родина Македонија, Владимир Трајковски, на својот Фејсбук профил изјавува дека ќе ги укине маските за децата во училиштата, повикувајќи се на иста ваква одлука на градоначалникот на истарскиот град Чабра, Антонио Дражовиќ и европатеникот Иван Вилибор Синчиќ, членови на активистичко политичкото движење „Жив ѕид“.

Значи можело да се успее кога се сака!

Да им ја вратиме насмевката на лицата на сите дечиња во Скопје. Гласајте за кандидатите на Родина Македонија за градоначалници и советници, гласајте за училишта без маски и фашистички протоколи! Бојкот не е опција, бојкот е самоубиство!

( Извор: Фејсбук профил на Владимир Трајковски, датум: 05.09.2021)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Тврдењето на кандидатот за градоначалник на Скопје од Родина Македонија во кое најавува укинување на маските во училиштата  го оценуваме како недоследно.

Локалните власти и политичките партии не ги носат одлуките за спроведување  на мерките во училиштата и здравствените протоколи во општините, ниту, пак, за евентуално нивно укинување. Тоа го прави Владата и надлежните институции, а мерките важат подеднакво на територијата на целата држава.

Владата на РС Македонија, на седница одржана на 14 март 2020 година, донесе одлука за  формирање на Главен координативен кризен штаб за координација со сите органи, меѓу кои се и локалните самоуправи за спречување на ширењето на ковид-19, согласно законот за Влада.

Главниот координативен кризен штаб се формира како оперативно тело за обезбедување целосна координација на органите на државната управа, на правните лица основани од државата, како и на единиците на локалната самоуправа, во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирусот KOVID-19.

(Извор: koronavirus.gov.mk)

Во услови на пандемија, здравствените протоколи и мерки за заштита ги носи Владата на Република Северна Македонија, по предлог на Комисијата за заразни болести и тоа согласно препораките на СЗО и здравствената состојба во земјата. Во таа насока, се и одредени исклучоци, односно посебни мерки за локални подрачја, донесени исклучиво од страна на извршната власт во државата.

Владата денеска го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за онлајн организирање на наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар во траење од 14 дена од почетокот на учебната година, и онлајн настава од првите 7 дена во Кичево и Струга, заради ситуацијата со вирусот во овие општини, по што, откако ќе заврши овој период, ќе се донесе нова одлука согласно развојот на ситуацијата.

 (Извор: Интернет страница на Влада на РС Македонија, 103 седница, датум: 31.08.2021)

Владата носи и протоколи кои произлегуваат од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот, меѓу кои се и протоколите за реализација на воспитно -образовниот процес во основните и средни училишта за 2021/2022 (прилог бр. 18 и бр.19), кои мора да ги почитува Министерството за образование и наука на територијата на целата држава.

Планот за одржување  на наставата во учебната 2021/2022 година и Протоколот обезбедуваат рамка за училиштата за начинот на започнување и продолжување на образовниот процес во основното и средното образование. Во овој период училиштата ќе треба да ги прилагодат условите за реализирање на наставата согласно Планот и Протоколот со цел обезбедување непречен воспитно-образовен процес. 

Кандидатот Трајковски понатаму вели дека во државата се спроведуваат „фашистички протоколи.“ Ова не е точно. Власта е избрана на фер и слободни избори, кои се оценети како регуларни од страна на странските и домашни организации за мониторинг, а здравствените протоколи се во согласност со СЗО и ЦДЦ.

Се препорачува универзално носење на  маски во затворен простор за сите ученици, персонал, наставници и посетители на училиштата, без оглед на статусот на вакцинација.

(Извор: Интернет страница на ЦДЦ, Водич за превенција од ковид-19 во училиштата)

Со оглед на сето ова, изјавата на кандидатот на Родина Македонија ја оценуваме како недоследна.

 

ИЗВОРИ:

 

 

 

 

 

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција